Philips RESPIRONICS AC611 Instrucciones De Uso página 97

Ocultar thumbs Ver también para RESPIRONICS AC611:
Tabla de contenido

Publicidad

AC611
Назална канила со висок проток со
конектор за отворот за издишување (FEP)
Упатство за употреба – M
Наменета употреба
Назалната канила со висок проток е интерфејс наменет
за пациентите на коишто им е препишана терапија
со висок проток на кислород со навлажнет гас.
Наменета е за употреба кај еден пациент во болничка/
институционална средина.
Внимание
• Пред да ја поврзете назалната канила, проверете дали има соодветен
проток на гас, кислород, температура и влажност.
• Проверете дали назалната канила е со соодветна големина и да не ги
запечатува носниците. Користете го мерачот за големина на пакувањето
за соодветната големина.
Напомена: Овој интерфејс не e направен од латекс од природна гума, BPA
или DEHP.
Контраиндикации
Интерфејсот не треба да се користи кај пациенти коишто се одржуваат во живот
со механичка вентилација.
Предупредувања
• Не затегајте ги премногу каишите од ремените за главата. Внимавајте на
знаци на прекумерна затегнатост, како што се прекумерно црвенило,
рани или набабрена кожа околу рабовите на канилата. Олабавете ги
каишите од ремените за главата за да се ублажат овие проблеми.
• Надгледувајте или интервенирајте доколку кај пациентот забележите
иритација, неудобност, заматен вид или сушење на очите.
97

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido