Descargar Imprimir esta página

Milwaukee HEAVY DUTY HD18 MS Manual Original página 36

Ocultar thumbs Ver también para HEAVY DUTY HD18 MS:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Кружна пила на батерии
Брзина без оптоварување .......................................................................
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор ..................................
Максимални перформанси при сечење
Челична плочка .....................................................................................
Цевки ......................................................................................................
Делови ...................................................................................................
Волтажа на батеријата ............................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 ......................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60
745.
Типично очекуванo ниво на звучен притисок на алатот е:
Ниво на звучен притисок. (K = 3 dB(A)) ...............................................
Ниво на јачина на звук. (K = 3 dB(A)) ....................................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
.....................................................
h
Несигурност К =.....................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде
употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на
осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други
намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го
зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен
или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот
работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на
електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства
и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Опасност: Држете ги рацете настрана од зоната на сечење.
Држете ја другата рака на помошната рачка или куќиштето на
моторот. Доколку пилата ја држите со двете раце, не можете да се
пресечете од сечилото.
Не посегајте под обработуваното парче. Заштитата не може да Ве
заштити од сечилото под обработуваното парче.
Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината
на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото
треба да биде видлив под работното парче.
Никогаш не го држете парчето кое се обработува со раце или
преку нога. Обезбедете го на стабилна површина. Важно е
соодветно да ја потпирате работата како би ја минимизирале
телесната изложеност, виткањето на сечилото или губењето контрола.
Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат да
дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со жица под напон
исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој
ракува со алатот ќе доживее струен удар.
При ракување со рачна пила користете бариера или водилка под
прав агол. Ова ја подобрува прецизноста на резот и го намалува
ризикот од свиткување на сечилото.
Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма
(дијамантски наспроти кружни) или крунски пили. Сечила кои не
одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат
неправилно предизвикувајќи губење на контролата.
Никогаш не користете оштетени или несоодветни средства за
чистење или ... Тие средства и... Се специјално наменети за вашата
пила, за оптимални перформанси и сигурност при користењето.
Причини и начин на спречување на повратен ефект.
- повратниот ефект е ненадејна реакција при откршување, свиткување
или изместување на сечилото, и предизвикува неконтролираното
сечило од пилата да се крене и да излезе од обработуваното парче
кон оној кој работи.
70
МАКЕДОНСКИ
HD 18 MS
......... 3600 min
-1
... 135 x 20 mm
............ 1,6 mm
.......... ø 50 mm
............. 51 mm
............. 18 V
............ 2,6 kg
............. 87 dB (A)
............. 98 dB (A)
......... < 2,5 m/s
2
............ 1,5 m/s
2
- кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од ...затворањето,
запците на сечилото и реакцијата на моторот ја турка брзо назад кон
оној кој работи со неа.
- доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето, забецот на
надворешниот раб на сечилото може да се зарие во горната
површина на дрвото правејќи сечилото да излезе од лежиште и да
скокне кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на пилата и/
или некоректни работни процедури или услови и може да биде
избегнат со превземање на соодветни претпазливи постапки наведени
подолу.
Држете цврсто со двете раце кои се поставени да пружат отпор
при повратен удар. Поставете го вашето тело од било која страна
на сечилото, но не во негова линија. Повратниот удар може да
предизвика пилата да потскокне наназад, но јачината на повратниот
удар може да биде контролирана од операторот доколку се преземени
соодветни мерки на претпазливост.
Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од било која
причина, ослободете го прекинувачот и држете го ножот во
материјалот без да делувате, се додека не дојде до потполно
запирање на сечилото. Никогаш не се обидувајте да ја тргнете
пилата или да ја повлечете наназед додека сечилото се движи
или може да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за свиткување на
сечилото.
По рестартирање на пилата во обарботуваното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете
запците на пилата да не се навлезени во материјалот. Доколку
сечилото на пилата е свиткано, може да тргне нагоре или да излезе
од обработуваното парче, кога таа ќе се стартува.
Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале ризикот
од свиткување на сечилото и повратен удар. Големите панели
имаат тенденција да се свиткаат под сопствената тежина. Мора да
биде поставена потпора под панелот од двете страни, блиску до
линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила. Ненаострните или не
соодветно поставените сечила создаваат остра кривина која
предизвикува интензивно триење, виткање на сечилото и повратен
удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач на
рачката мора да биде стегнат и обезбеден пред да се сече.
Доколку се промени подесувањето за време на сечењето може да
дојде со свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во постоечки
ѕидови или други армирани површини.
Провререте ја долната заштита дали е соодветно затворена пред
секоја употреба. Не работете со пилата доколку долната заштита
не се движи слободно и не се затвора моментално. Никогаш не ја
затегнувајте ниту врзувајте долната заштита во отворена позиција.
Доколку пилата падне ненамерно, долната заштита може да се
свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и
осигурете се дека се движи слободно не допирајќи до сечилото или
било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на долната заштита.
Доколку заштитата и федерот не се отвораат соодветно, мора
пред употреба да бидат сервисирани. Долната заштита може да
функционира тромо поради оштетените делови, лепливи остатоци
или насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при
специјални резови како ,,резови со забодување,, или ,,сложени
резови,,. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката
веднаш штом сечилото влезе во материјалот, долната заштита
мора да биде отпуштена. При секое друго сечење, долната заштита
мора да работи автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото пред
пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено лизгање на
сечилото ќе предизвика пилата да тргне наназад, сечејќи се што ќе се
најде на патот. Бидете свесни за потребното време за кое сечилото
престанува да работи, по ослободувањето на прекинувачот.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните параметри
дадени во овој прирачник за употреба.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа машина!
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем C 18 за полнење на батерии од C 18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да предизвика
губење на слухот.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Доколку проѕирниот капак на пилата е напуканат или скршен, морате
веднаш да го замените во специјализиран сервис, а машината не
смее да се користи без капак на сечилото или ако истиот е оштетен!
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Металниот сечач сече надолжно и триаголно прецизно во различни
типови на метали како метални профили, цевки, метална арматура,
канали, алуминиумски профили, метални лимови итн.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
При ослободување на притискачот од прекинувачот дискот за сечење
се запира во рок од 2 секунди преку електричната кочница. Но,
електричната кочница може да дејствува и одложено. Понекогаш
електричната кочница не е делотворна. Доколку електричната кочница
не дејствува почесто, во тој случај пилата мора да биде донесена до
овластен сервис-центар на Milwaukee.
Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за сечење
извлечете ја пилата од обработуваниот материјал.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ е во
сообразност со следните стандарди и стандардизирани документи.
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-5:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
и е во согласност со прописите
2011/65/EU (RoHs)
2006/42/EC
2004/108/EC.
Winnenden, 2012-09-07
Rainer Kumpf
Director Product Development
Ополномоштен за составување на техничката документација.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат
целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш пред спроведување на каков и да е зафат
врз машината исклучете го кабелот од приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива
2002/96/EC за одлагање на електична и
електронска опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните апарати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат одвоено собрани и вратени во
соодветна рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
71

Publicidad

loading