Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GBH 2-24 RE Manual Original página 162

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
OBJ_BUCH-2460-001.book Page 162 Thursday, May 7, 2015 10:48 AM
162 | Македонски
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува или шрафот може да наиде на скриени
електрични кабли или сопствениот струен кабел.
Контактот со струјниот кабел може металните делови на
уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен
удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
GBH 2-24 RE
Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен. Тој исто така е погоден за дупчење
без удари во дрво, метал, керамика и пластика.
Електричните апарати со електронска регулација и тек
лево/десно се исто така погодни за
зашрафување/одвртување.
GBH 2-24 DRE/DFR
Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
1 609 92A 170 | (7.5.15)
керамика и пластика. Електричните апарати со
електронска регулација и тек лево/десно се исто така
погодни за зашрафување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Брзозатезна заменлива глава за дупчење
(GBH 2-24 DFR)
2 SDS-plus-заменлива глава за дупчење
(GBH 2-24 DFR)
3 Прифат на алат SDS-plus
4 Капак за заштита од прав
5 Чаура за заклучување
6 Прстен за заклучување на заменливата глава за
дупчење (GBH 2-24 DFR)
7 Прекинувач за менување на правецот на вртење
8 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
9 Прекинувач за вклучување/исклучување
10 Копче за отклучување за прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (GBH 2-24 DRE/DFR)
11 Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(GBH 2-24 DRE/DFR)
12 Копче за подесување на граничникот за длабочина
13 Граничник за длабочина
14 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
15 Копче за отклучување на прекинувачот
„дупчење/ударно дупчење" (GBH 2-24 RE)
16 Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење"
(GBH 2-24 RE)
17 Рачка (изолирана површина на дршката)
18 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење*
19 Запчеста глава за дупчење*
20 SDS-plus-вратило за прифат за главата за дупчење*
21 Прифат за главата за дупчење (GBH 2-24 DFR)
22 Предна чаура за брзозатезната заменлива глава за
дупчење (GBH 2-24 DFR)
23 Затезен прстен за брзозатезната заменлива глава за
дупчење (GBH 2-24 DFR)
24 Отвор за вшмукување Saugfix*
25 Шраф за затворање Saugfix*
26 Граничник за длабочина Saugfix*
27 Телескопска цевка Saugfix*
28 Пеперутка-завртка Saugfix*
29 Водечка цевка Saugfix*
30 Универзален држач SDS-plus-вратило за прифат*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gbh 2-24 dreProfessional gbh 2-24 dfr