OBJ_BUCH-2460-001.book Page 167 Thursday, May 7, 2015 10:48 AM
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
(GBH 2-24 DRE/DFR)
Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 166).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика L)
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач
потребен ви е универзален држач 30 со SDS-plus вратило
за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот
на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на
универзалниот држач. Користете само битови што се
соодветни на главата за зашрафување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата
за заклучување 5 наназад и извадете го универзалниот
држач 30 од прифатот за алат.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат 3 по секоја употреба.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 167
1 609 92A 170 | (7.5.15)