OBJ_BUCH-2460-001.book Page 165 Thursday, May 7, 2015 10:48 AM
– GBH 2-24 DFR: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава
за дупчење 2.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика G)
– Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-24 RE/DRE)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење 19 (види „Замена
на запчестата глава за дупчење", страна 164).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 19
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 19
и затегнете го алатот.
– GBH 2-24 RE: Поставете го прекинувачот 16 на
ознаката „Дупчење".
– GBH 2-24 DRE: Свртете го прекинувачот за запирање
на удари/вртежи 11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-24 RE/DRE)
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 19 со
помош на клучот за затегање на главата за дупчење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
не се извади алатот за вметнување.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-24 DFR) (види слика H)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
1.
– Држете го цврсто затезниот прстен 23 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 22, додека не дојде
во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто
држете го затезниот прстен 23 и вртете ја предната
чаура 22 во правец на стрелката, додека не слушнете
дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Bosch Power Tools
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 22 во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори
алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 2-24 DFR) (види слика I)
– Држете го цврсто затезниот прстен 23 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 22 во правец на
стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се
извади алатот.
Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на Saugfix (види слика J)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема).
При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што
главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 12 и извадете го граничникот за
длабочина 13. Одново притиснете го копчето 12 и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната дршка
14.
– Приклучете едно црево за вшмукување (дијаметар
19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 24 од
Saugfix.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Македонски | 165
1 609 92A 170 | (7.5.15)