204 | Македонски
Ако не го користите мерниот уред подолго време,
u
извадете ги батериите. При подолго складирање во
мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Работење со ротациониот држач RM 1
(види слики A1–A3)
Со помош на ротациониот држач (14) можете да го
вртите мерниот уред околу централната и секогаш
видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се
поставуваат ласерските линии, без да ја промените
позицијата на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (8) на
шината водилка (15) на ротациониот држач (14) и
притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен
правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– поврзана со таванска стега (18) на метални тавански
лајсни,
– со помош на магнет (17) на метални површини.
Држете ги прстите подалеку од задниот дел на
u
магнетната опрема кога ја прикачувате на
површините. Поради јаката сила на влечење на
магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира и направете проверка
за точноста секогаш пред да продолжите со работа
(види „Контрола на точноста на мерниот уред",
Страница 206).
При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се
наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 206).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) во
позиција On (за работење со осцилаторна блокада) или
во позиција
On (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) во
позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица
се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна
температура од 50 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по
автоматското исклучување, може или прво да го ставите
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) во
позиција „Off" и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на
работа Ласерска точка (4) или на копчето за режим на
работа Ласерска линија (5).
Деактивирање на автоматиката за исклучување
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето
за режим на работа Ласерска линија (5) најмалку 3 s.
Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C, автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Подесување на режимот на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии и точкест режим:
Мерниот уред произведува хоризонтална и
вертикална ласерска линија нанапред, како и
вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°.
– Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред
произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
Bosch Power Tools