208 | Македонски
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и
Ⅲ смее да изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 m.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Изберете го вертикалниот линиски режим со
автоматиката за нивелирање. Насочете ја ласерската
линија на отворот од вратата и оставете го мерниот
уред да нивелира.
– Означете ја средината на вертикалната ласерска
линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка Ⅲ).
– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.
– Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ.
1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)
– Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ±0,3 mm/m = ±1,2 mm. Точките Ⅲ и Ⅳ смеат да
лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот
и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот
држач (14) и поставете го на подот. Изберете го
точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се
нивелира.
– Означете ја средината на горната ласерска точка на
плафонот (точка Ⅰ). Освен тоа, обележете ја средината
на долната ласерска точка на подот (точка Ⅱ).
d
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го
на тој начин, што средината на долната ласерска точка
ќе лежи на веќе обележаната точка Ⅱ. Оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на горната ласерска точка (точка Ⅲ).
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на плафонот
го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,7 mm/m.
5 m
180°
Bosch Power Tools