Descargar Imprimir esta página

Bosch GCL Professional 2-15 Manual Original página 209

Ocultar thumbs Ver también para GCL Professional 2-15:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ±0,7 mm/m = ±7 mm. Точките Ⅰ и Ⅲ смеат да
лежат најмногу 7 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (10) на навојот на стативот
(23) или обичен фото статив. За прицврстување на
обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив
(11). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика G)
Со помош на универзалниот држач (19) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Држете ги прстите подалеку од задниот дел на
u
магнетната опрема кога ја прикачувате на
површините. Поради јаката сила на влечење на
магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (19), пред да
го вклучите мерниот уред.
Работење со целна табла за ласерот (види слики G)
Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
Bosch Power Tools
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Примери за работа (види слики B2–F2, G и H)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор
на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Македонски | 209
1 609 92A 8E9 | (20.03.2023)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gcl professional 2-15 g0601066e000601066e020601066j00