Ова е симбол за забрана.
Било какво непочитување на упатствата означени со овој симбол може да
резултира со оштетување на производот или загрозување на личната безбедност
на корисникот.
Ова е симбол за предупредување.
Потребно е внимание при работи кои се означени со овој симбол, во спротивно
може да дојде до оштетување на производот или лични повреди.
Ова е симбол за внимание / забелешка.
Упатствата означени со овој симбол бараат посебно внимание. Недоволно
обратено внимание може да резултира со мали или средни повреди, или
оштетување на производот.
Овој прирачник содржи многу важни, безбедносни информации, кои треба да се
почитуваат од страна на корисникот.
1.3. Предупредувања поврзани со електрицитет
Не го влечете струјниот кабел при негово исклучување.
Ве молиме цврсто фатете го приклучокот на струјниот кабел за
безбедно исклучување од струјниот извор.
За да имате безбедна употреба, не го оштетувајте
струјниот кабел, а истиот немојте да го користите доколку е
оштетен или истрошен.
Ве молиме користете посветен штекер, односно штекер
кој фрижидерот нема да го дели со други електрични апарати.
Струјниот кабел мора да биде добро поврзан со
штекерот, во спротивно може да дојде до искрење и пожар.
Ве молиме бидете сигурни дека штекерот е опремен со
електрода за заземјување.
Ве молиме затворете го вентилот за протекување на гас
и отворете ги вратите и прозорците во случај на протекување
на гас или други запалливи материи.
Не го исклучувајте фрижидерот од струја во овој случај,
бидејќи може да дојде до искрење и предизвикување на
пожар.