Не плакнете директно со вода или друга течност при чистењето за да избегнете
кратки споеви на струјното коло или негативен ефект на електричната
изолација.
Ве молиме исклучете го фрижидерот од струја пред одмрзнување, чистење и
одржување.
4.2. Чистење на послужавникот на вратата
Според насоката на стрелките на сликата подолу, користете ги двете раце за
притискање на послужавникот, туркање нагоре за вадење од вратата.
По миење на послужавникот, можете да ја прилагодите неговата висина според
вашите потреби и желби.
Мека крпа или сунѓер потопени во вода и некорозивни неутрални детергенти
се препорачуваат за чистење. Замрзнувачот треба да биде исчистен со чиста
вода и сува крпа. Отворете ја вратата за природно сушење пред да го вклучите
апаратот во струја.
Не користете тврди четки, метални алатки, жичени четки, абразиви, како паста
за заби, органски растворувачи, како алкохол, ацетон и слично, зовриена вода,
киселина или алкални супстанци за чистење на фрижидерот, бидејќи може да
дојде до оштетување на внатрешноста или надворешноста на фрижидерот.
(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да
зависи од типот на производ кој го имате купено.)
4.3. Чистење на стаклената полица