Доколку околу 5 min не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тогаш мерниот уред се исклучува
автоматски заради заштита на батериите.
При исклучувањето сите зачувани вредности во приказот
за зачувани вредности се задржуваат.
Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на
должинско мерење.
Референтно ниво за мерење е секогаш задниот раб (5) на
мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со задниот раб (5) на
саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
Притиснете го копчето
мерењето.
По процесот на мерење ласерскиот зрак ќе се исклучи. За
друго мерење повторете ја оваа постапка.
За дополнителни информации посетете го онлајн
упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
По вклучување на мерниот уред се врши
континуирано мерење. Моменталната мерна
вредност (d) се прикажува во горниот дел на екранот. При
континуирано мерење, мерниот уред може релативно да се
движи кон целта, при што актуелната мерна вредност ќе се
ажурира прибл. на секои 0,5 секунди.
Приемната леќа (9) и излезот на ласерскиот зрак (8)
не смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Bosch Power Tools
Македонски | 303
, за да го завршите и зачувате
1 609 92A 7Z2 | (14.04.2023)