10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Препораки за готвење
Температурата и времињата на печење во табелите се само водич. Тие зависат од рецептите и
квалитетот и квантитетот на употребените состојки.
Вашиот апарат може да пече различно од апаратот што сте го имале порано. Насоките подолу ги
прикажуваат препорачаните функции на греење и поставките за време на готвење за специфични типови
храна.
Ако не можете да ги најдете нагодувањата за одреден рецепт, побарајте нешто слично.
За повеќе препораки за готвење видете во табелите за готвење на нашата бев страна. За да ја најдете
соодветната Книга со рецепти, проверете го бројот PNC на плочката со спецификации на предната рамка
на шуплината на апаратот.
10.2 Препораки за микробранови
Ајде да готвиме!
Не ставајте ја храната директно на
плочата. Користете секогаш садови за
готвење кои се погодни за микробранови.
Ставете го садот за готвење во средината
на плочата.
Контакт со многу жешки или многу ладни
предмети може да ја скршат плочата.
Превртете или замешајте ја храната кога
ќе измине половина од времето што е
потребно за одмрзнување и готвење.
Мешајте ги течните јадења од време на
време.
Измешајте ја храната пред сервирање.
Покријте ја храната која треба да се готви
и подгрева.
Ставете ја лажицата во шишето или
чашата кога загревате пијалок за да има
подобра дистрибуција на топлина.
Ставете ја храната во апаратот без
пакувањето. Пакуваните готови јадења
може да се стават во апаратот само кога
пакувањето е отпорно на микробранови
(провете ги овие информации на самото
пакување).
Готвење со микробранови
Гответе покриена храна. Храната гответе
ја без капак само ако сакате да биде
крцкава.
Немојте да ги препечете јадењата со
одбирање на превисока поставка за јачина
и предолго време. Храната може да се
исуши, да изгори или да предизвика
пожар.
Не користете го апаратот за варење јајца
или полжави во нивните оклопи бидејќи
можат да ескплодираат. Дупнете ја
жолчката или испрженото јајце пред да го
стоплите повторно.
Избодете ја храната со кожичка или лушпа
неколку пати со вилушка пред готвење.
Исечете го зеленчукот на помали
парчиња.
Откако сте го исклучиле апаратот,
извадете ја храната и оставете ја да
отстои неколку минути за да се
дистрибуира топлината еднакво.
Одмрзнување со микробранови
Ставете ја замрзната, неотпакувана храна
на мала превртена чинија со длабок сад
одоздола или на држач за одмрзнување
или пластично сито, за течноста што се
ослободува при одмрзнувањето да може
да истекува.
Потоа извадете ги сите одмрзнати
парчиња.
Можете да користите микробранови со
поголема јачина за готвење на овошјето и
зеленчукот без претходно да ги
одмрзнувате.
МАКЕДОНСКИ
269