Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo T23-125-2HDV2 Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 545

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 99
Пуштање во употреба
5.6
Ракување со алатката за косење (06)
Подесување на висината на косење
Алатката за косење на тракторот може да се
регулира во повеќе степени во висина со една
рачка (06/2) десно покрај седиштето на
возачот.
1. Придвижете ја рачката за регулирање
(06/2) во саканата насока. Рачката на
надолу значи ниска висина на косење,
рачката на нагоре значи голема висина на
косење.
Вклучување на алатката за косење
Електрично вклучување: Во регионот на
таблата со инструменти се наоѓа еден
прекинувач (02/5). Вклучете ја со него
алатката за косење (позиција „1").
6 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Тракторската
косилка не смее да се користи пред да биде
целосно монтирана! Направете ги сите
монтажни работи коишто се опишани во
упатството за монтажа. Во случај на
сомневање пред пуштањето во употреба
прашајте стручно лице дали монтажата е
правилно направена! Проверете дали се
присутни сите безбедносни и заштитни уреди
и дали се функционални!
6.1
Проверка на алатката за косење
Пред употреба треба секогаш да се провери
со визуелна контрола дали алатката за
косење, завртките за прицврстување и целата
единица за косење се истрошени или
оштетени. За избегнување на
неизбалансираност истрошените или
оштетените ножеви мора да се заменат со
нови.
6.2
Полнење со масло
Пред првото пуштање во работа моторот
мора да се наполни со масло. Затоа земете го
во предвид упатството на производителот на
моторот. Имајте во предвид дека нивото на
масло треба да се контролира во редовни
растојанија и да се надополни масло ако е
потребно.
493723_a
6.3
Полнење со гориво (09)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности при
ракувањето со гориво! Горивото е лесно
запаливо. Полнете го резервоарот за гориво
само на отворено! Не пушете! Не полнете
гориво при движечки или топол мотор!
За полнење користете соодветна инка или
црево за полнење за да не се истури гориво
на моторот, куќиштето или на земјата.
Од безбедносни причини капачето на
резервоарот за гориво и другите капачиња на
резервоар треба да се заменат при
оштетување.
Доколку има претечено гориво не смее да се
стартува моторот. Тракторот треба да се
отстрани од местото загадено со гориво а
истуреното гориво мора да се вшмука и
избрише со крпа од подот, моторот и
куќиштето.
Треба да се избегне секаков обид за
стартување сè додека не испарат пареите од
горивото.
Горивото чувајте го само во предвидените
садови.
Користете безоловен бензин, мин. ROZ 91.
Полнење на резервоарот
1. Исклучете ја ако треба тракторската
косилка и извлечете го контактниот клуч
заради сигурност.
2. Почекајте додека не се излади малку
моторот (Опасност од експлозија поради
запалено гориво!).
3. Притиснете на поклопката од капачето на
резервоарот (09/1).
4. Свртете ја поклопката од капачето на
резервоарот (09/1) на нагоре. Поклопката
од капачето на резервоарот (09/1) се
отклучува.
5. Отворете го капачето на резервоарот
(09/2) и наполнете го горивото.
Напомена: Избегнувајте преполнување
на резервоарот за гориво!
6. Затворете го капачето за резервоарот
(09/2).
7. Затворете ја поклопката од капачето на
резервоарот (09/1), така што да се вглави.
6.4
Проверка на притисокот на гумите
Контролирајте го притисокот на гумите во
редовни растојанија.
543

Publicidad

loading