Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo T23-125-2HDV2 Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 550

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 99
MK
2. Поместете го регулаторот (02/2) за бројот
на вртежи на моторот во работна
позиција.
3. Ставете ја алатката за косење на
највисоката висина на косење (06/2).
4. Вклучете ја алатката за косење со
преклопната склопка (02/5, позиција „1").
5. Поставете ја саканата висина на косење
со рачката (06/2).
6. Ставете ја тракторската косилка во
движење.
7.5.5.2
Косење при возење наназад
НАПОМЕНА Алатката за косење е
исклучена ако е притисната само педалата за
возење наназад.
1. Притиснете го копчето „Косење
наназад" (02/6) и во рок од 5 секунди
притиснете ја педалата за возење наназад
(04/1).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
незгоди при косење наназад! Обратете
внимание на подрачјето зад вас кога косите
наназад! Косење наназад само ако е
потребно!
7.5.5.3
Исклучување на алатката за
косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
вртливи ножеви! Кога ножевите за сечење
сè уште се вртат, тие може да ги исечат
рацете и нозете! Поради тоа, рацете и нозете
држете ги настрана од сечилата!
1. Исклучете ја алатката за косење со
преклопната склопка (02/5, позиција „0").
Алатката за косење може да се исклучи кога
тракторот е во мирување и кога се вози.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда од исфрлени предмети! При
преминување на чакално-песокливи површини
може да се вовлечат предмети во движечката
алатка за косење и потоа да се исфрлат.
Секогаш исклучувајте ја алатката за
косење кога не возите по тревни
површини.
548
7.5.5.4
Празнење на корпата за собирање
трева
НАПОМЕНА Кога ќе се наполни корпата
за собирање трева се огласува еден звучен
сигнал. Најдоцна сега би требало да се
испразни корпата.
Во зависност од варијантата на опремата
вашата тракторска косилка располага со
електрично контролирано празнење на
корпата за собирање трева или рачно
контролирана корпа за собирање трева со
контролна рачка.
За сите видови на корпи важи:
Празнењето на корпата за собирање
трева може да се врши од седиштето на
возачот.
Ако при вклучена алатка за косење
корпата за собирање трева се подигне
нагоре односно откачи, моторот згнаснува.
Ако корпата за собирање трева не е
правилно фиксирана, не може да се
вклучи алатката за косење.
Празнење на електрично контролираната
корпа за собирање трева
1. За празнење активирајте ја преклопната
склопка (07/1) на левата страна од
седиштето.
2. За затворање на корпата за собирање
трева активирајте ја повторно
преклопната склопка.
Празнење на корпата за собирање трева со
контролната рачка
1. Извлечете ја контролната рачка од
корпата за собирање трева (17/а).
2. Притиснете ја рачката во насоката на
возење за да се отвори корпата за
собирање трева (17/b).
3. Придвижете ја корпата за собирање трева
со рачката на назад, сè додека не се
фиксира корпата.
7.5.5.5
Мулчење
За оптимален резултат на мулчење, тревата
треба да се коси на редовна основа (прибл. 1
или 2 пати неделно). Кога косите, пресечете
1/3 од висината на тревата (на пр. ако
висината на тревата е 6 cm, косете 2 cm). Со
тоа се гарантира дека откосот правилно ќе се
смеша со преостанатата трева.
Работење со тракторот
493723_a

Publicidad

loading