Работење со тракторот
6.6.3
Проверка на контактниот
прекинувач за седиштето
Контактниот прекинувач за седиштето
гарантира дека моторот се исклучува штом
нема никој на седиштето на операторот кога е
вклучена алатката за косење.
1. Седнете на седиштето на возачот.
2. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(05/2).
3. Стартувајте го моторот и оставете го да
врти со максимален број на вртежи.
4. Вклучете ја алатката за косење (02/5,
позиција „1").
5. Подигнете ја вашата тежина од седиштето
со тоа што ќе станете (не слегувајте!).
НАПОМЕНА Моторот мора да се исклучи!
6.6.4
Проверка на контактниот
прекинувач на корпата за собирање
трева
Контактниот прекинувач на корпата за
собирање трева гарантира дека моторот се
исклучува доколку не е правилно закачена
корпата за собирање трева при вклучена
алатка за косење.
1. Седнете на седиштето на возачот.
2. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(05/2).
3. Стартувајте го моторот и оставете го да
врти со максимален број на вртежи.
4. Вклучете ја алатката за косење (02/5,
позиција „1").
5. Подигнете ја малку празната корпа за
собирање трева или активирајте го
прекинувачот за отворање.
НАПОМЕНА Моторот мора да се исклучи!
6.6.5
Проверка на контактниот
прекинувач на каналот за
исфрлување
Контактниот прекинувач на каналот за
исфрлување гарантира дека тракторската
косилка не се стартува при демонтиран канал
за исфрлување.
1. Симнување на корпата за собирање
трева.
2. Отстранете го каналот за исфрлување
(18/2).
3. Седнете на седиштето на возачот.
493723_a
4. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
активирајте ја кочницата за паркирање
(05/2).
5. Стартувајте го моторот.
НАПОМЕНА Моторот не смее да
стартува!
7 РАБОТЕЊЕ СО ТРАКТОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности
поради недоволно познавање на
тракторската косилка! Целосно прочитајте го
упатството за работа пред да почнете!
Внимавајте особено на сите безбедносни
напомени! Совесно вршете ги сите монтажни
работи и сите работи за пуштање во работа.
Во случај на сомневање прашајте го
производителот!
7.1
Основни подготвителни мерки
■
При косење секогаш носете тврди чевли и
долги панталони. Никогаш не косете боси
или со отворени сандали.
■
Проверете го во целост теренот на кој ќе
се користи тракторската косилка.
Отстранете ги сите камења, прачки, жици,
коски и други туѓи тела коишто би можеле
да се зафат и отфрлат. Исто така и за
време на косењето треба да се внимава
на туѓи тела.
■
Направете ги сите работи коишто се
опишани во пуштањето во работа. Ова
важи особено за проверката на
безбедносните уреди.
■
За влечење на товари користете ја само
куката за влечење! Не го надминувајте
вертикалното оптоварување.
■
Не е дозволен транспорт на предмети на
тракторската косилка!
7.2
Користење на додатна опрема
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
погрешна додатна опрема или погрешно
користење на додатна опрема! Користете
секогаш само оригинална опрема на
производителот на тракторот! Почитувајте ги
прописите за користење во приложеното
упатство за работа!
Преку употребата на недозволена додатна
опрема или погрешната употреба на опрема
може да настанат големи опасности за
операторот и трети лица. Тракторската
545