Dremel DSM20 Traducción De Las Instrucciones Originales página 140

Ocultar thumbs Ver también para DSM20:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 55
Избегнувајте заглавување, вртење или приклештување
на дискот во работното парче или на кој било друг
начин да применувате прекумерен страничен притисок
врз дискот.
Откако ќе завршите со сечење и ќе го пуштите
прекинувачот, имајте предвид дека е потребно
време дискот целосно да запре. Не спуштајте го
алатот додека додатокот целосно не запре.
СЕЧЕЊЕ ПЛОЧКИ
Осигурете се материјалот што се сече да биде
прицврстен на менгеме или на маса, пред да се
обидете да сечете.
Вклучете го алатот и почекајте дискот да достигне
полна брзина.
За сечења кои се протегаат до работ на плочката,
сечете долж линијата на сечење преку работ(вите).
Прво засечете ја плочката долж линија на сечење и
направете неколку поминувања за постепено да ја
сечете плочката.
Овој алат не користи дискови наменети за шмирглање
површини. Ако за резот се бара мазен, завршен раб,
користете соодветен алат за обработување плочки за
да го дотерате работ на плочката.
ПРОСЕКУВАЊА ИЛИ ВНАТРЕШНИ РЕЗОВИ
1. Обележете ја површината што треба да се сече со
саканите линии на сечење.
2. Олабавете ја рачката за нагодување на
длабочината за да се ослободат пружините во
стапалото и да го постават на длабочина нула. За
време на ова сечење, оставете ја лабава рачката за
нагодување на длабочината.
3. Ставете го стапалото на алатот на работното парче и
порамнете го дискот на алатот со линијата на сечење.
4. Додека го држите цврсто алатот, притиснете го
прекинувачот со крилце и оставете дискот од алатот
да постигне полна брзина.
5. Полека заривајте/спуштајте ги алатот и дискот во
работното парче.
6. Водете го алатот напред и довршете го сечењето.
7. Ослободете го прекинувачот со крилце и оставете
алатот целосно да запре.
8. Тргнете го алатот од работното парче.
ОТСЕКУВАЊЕ
A f
Прво, разгледајте ја саканата висина на отсекувањето.
За поставување подна облога, додајте ја дебелината
на лепилото за подната облога, подната облога и
дебелината на сите подлоги или материјали што
додаваат дебелина на готовиот под.
1. Ставете го дискот за отсекување во алатот.
2. Поставете ја длабочината на дискот на саканата
длабочина.
3. Завртете го алатот на страна, така што стапалото
за отсекување ќе лежи на подот.
4. Цврсто држете го алатот. Вклучете го алатот
и оставете да постигне полна брзина пред да
навлезете во работното парче.
5. Довршете го сечењето и тргнете го алатот од
работното парче пред да го исклучите.
СЕЧЕЊЕ НА ГОЛЕМИ ТАБЛИ
Големите панели или долги табли потпирајте ги блиску
до резот.
Внимавајте да ја поставите длабочината на резот така
што ќе ја сечете само плочата или таблата, но не и
работната маса.
Талпите 5x10 cm што се користат за поткревање и
потпирање на материјалот треба да бидат поставени
така што со пошироките страни го потпираат
материјалот и лежат на работната маса.
A d
A g
ВОДИЛКА ПО РАМЕН РАБ / СЕЧЕЊЕ ДОЛЖ
ТЕКСТУРАТА НА ДРВОТО
Водилката по рамен раб (опционален додаток) се
користи за сечење паралелно со работ на материјалот
и може да се користи од обете страни на плочата на
стапалото за сечење по левата или десната страна од
материјалот.
Со водилката по рамен раб лесно се сече долж
текстурата на дрвото.
За да ја прикачите, ставете ја водилката по рамен раб,
ставете го граничникот низ отворите на стапалото на
саканата ширина како што е прикажано и прицврстете
го со шрафот за стегање.
ВОДИЛКА ЗА СЕЧЕЊЕ ДОЛЖ ТЕКСТУРАТА НА
ДРВОТО
A j
Кога сечете големи штици по текстурата на дрвото,
водилката по рамен раб може да не ја овозможува
саканата ширина на сечење. Прицврстете со стеги или
заковете во таблата право парче дрво од 25 mm како
водилка.
Користете ја десната страна од стапалото да лизга по
водилката на таблата.
ВОДИЛКА ЗА СЕЧЕЊЕ 2x4
Водилката за сечење 2x4 (опционален додаток) може да
се користи за брзо и точно сечење талпи од 5x10 cm.
Бидејќи длабочината на сечење е помала од
дебелината на талпата 5x10 cm, потребно е по едно
сечење од секоја страна на талпата за да се пресече
работното парче.
1. Измерете и обележете ја саканата линија на сечење
врз парчето дрво.
2. Навлечете ја водилката за сечење 2x4 на саканото
место на сечење.
НАПОМЕНА: Кога користите стандарден диск,
поместете за 25 mm за правилно поставување
на водилката на индикаторот за поместување на
водилката за сечење.
Кога користите диск за отсекување, порамнете го
граничникот на алатот со линијата за сечење.
3. Стегнете ја со стеги водилката на работното парче
на саканата локација, за да го направите резот.
4. Цврсто држете го алатот и користете го работ од
водилката како граничник и направете го првото
сечење.
5. Превртете го работното парче оставајќи ја
водилката за сечење на истото место и направете
второ сечење за да го довршите сечењето низ
талпата 5x10 cm.
ВОДИЛКА ЗА СЕЧЕЊЕ ПОД АГОЛ/ОТСЕКУВАЊЕ
Водилката за сечење под агол/потсекување
(опционален додаток) и дискот за отсекување се
совршена комбинација за правење на резови под агол,
коси и прави резови на лајсни за подови, украсни
лајсни.
Ознаките на аглите, исто така, помагаат при правењето
прецизни резови и за други вообичаени агли, како 15°,
22,5° или 30°.
1. Измерете и обележете ја саканата линија на сечење
врз парчето дрво.
2. Поставете ја водилката за сечење под агол/
отсекување преку дрвото на предвиденото место
за сечење.
3. Стегнете ја со стеги водилката на работното парче
на саканата локација, за да го направите резот.
4. Цврсто држете го алатот и направете го резот.
За прави резови како граничник користете го
надворешниот раб на водилката за сечење
За резови под 45° како граничник користете го работ
под агол на водилката за сечење
140
A h
A k
A l
.
S q
.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Dremel DSM20

Este manual también es adecuado para:

Dsm20-3/4Sm20

Tabla de contenido