2. Донесете ја главата на конецот на саканата
висина и држете.
3. Движете го апаратот налево-надесно, движејќи го
како срп.
4. Држете ја постојано главата на конецот паралелно
кон површината.
Ниско уредување
1. Водете го апаратот со лесен наклон кон напред,
така што тој ќе се движи многу ниско над
површината.
2. Уредувањето секогаш вршете го со телото
оддалечено од апаратот.
Уредување кај огради и темели
Внимание!
Не допирајте тврди градби - опасност од повратен
удар!
1. Управувајте со апаратот полека и внимателно,
без притоа конецот да удира на пречки.
Уредување околу стебла на дрва
1. Водете го апаратот внимателно и полека околу
стебла за дрва, така што конецот за сечење да не
ја допира кората на дрвото.
2. Косете во насока од лево кон десно околу
стеблата на дрвата.
3. Зафаќајте ја тревата и троскотот со врвот на
конецот, наклонувајќи ја притоа главата на
конецот лесно кон напред.
Уредувањето покрај камени ѕидови, темели,
дрва води до зголемено абење на конецот.
Косење
1. Наклонете ја главата на конецот во агол од
30 степена надесно.
2. Поставете ја рачката во саканата позиција.
Внимание!
Отстранете туѓи тела што се наоѓаат во работното
подрачје.
Опасност од повреди/материјално оштетување како
последица на излетувачки туѓи тела.
474 627_a
Косење со ножот за сечење
При косење со ножот за сечење тој се управува со
хоризонтално движење во форма на површината од
една на друга страна.
Внимание!
Пред употреба на ножот за сечење дополнително
обрнете внимание на следното:
употребете го ременот за носење
проверете го дискот за сечење по однос на
исправна монтажа
носете заштитна облека и заштита за очи
Не употребувајте дискови за сечење троскот за
да сечете џбунови и млади дрвја!
Внимание!
Употребувајте само оригинални ножеви за сечење
и додатоци!
Неоригинални делови можат да доведат до повреди
и пречки при функционирањето на апаратот!
Избегнување повратен удар
Внимание!
Не го употребувајте ножот за сечење во близина на
тврди пречки - опасност од повратен удар / опасност
од повреда!
Заглавување
Густата вегетација, младите дрвја или џбуновите можат
да го блокираат дискот за сечење и да го доведат во
состојба на мирување.
Избегнувајте блокади така што ќе внимавате, во која
насока се наклонува џбунот и на тој начин ќе можете
да сечете од спротивната страна
Доколку дискот за сечење се заглави при сечењето
Веднаш исклучете го моторот
Држете го апаратот во висина за дискот за
сечење да не скокне или да не се скрши
Заглавениот материјал оттурнете го од засекот
MK
219