Демонтирање - Wilo -Padus PRO Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 695
mk
8.4
Демонтирање
8.4.1
Преносливо водено
поставување
454
Отстранување од употреба
▶ Пумпата е сега надвор од употреба и може да се демонтира.
Ако пумпата остане монтирана и откако е отстранета од употреба, треба да се
внимава на следниве точки:
▪ Овозможете ги сите предуслови за отстранување на пумпата од употреба за
целото време на процедурата. Ако не се загарантирани предусловите,
демонтирајте ја пумпата по отстранувањето од употреба!
▪ Доколку планирате да ја отстраните од употреба на подолг период, вклучувајте ја
на редовни интервали (месечно до годишно) во траење од 5 минути за да се
уверите дека е функционална. ВНИМАНИТЕЛНО! Проверката на функцијата смее
да се прави само ако условите во околината го дозволуваат тоа. Не е дозволена
работа на суво! Невниманието може да доведе до тотално расипување!
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по животот, треба да се
деконтаминира по демонтажа со се сите нејзини делови! Постои опасност по
животот! Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот
мора да се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
Тргнете ја пумпата од работа.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Одмотајте го кабелот за поврзување и поставете го преку куќиштето на
моторот. ВНИМАНИТЕЛНО! Не превиткувајте го кабелот за поврзување и
придржувајте се до неговиот радиус. Не влечете го кабелот за поврзување.
Така кабелот за поврузвање може да се оштети!
3. Отстранете ја притисочната линија од притисочната наставка.
WILO SE 2019-10

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido