Поглавје 1
Capitolo 1
Seggiolino da bicicletta per bambini OKBABY BODY GUARD
Детско седиште за велосипед OKBABY BODY GUARD
Покријте го задното тркало со соодветна задна заштита (заштитата може да се
купи кај специјализиран застапник) за да спречите детето да дојде во контакт со
тркалото кога тоа се врти.
За да ја постигнете стабилноста на велосипедот, се препорачува да поставите
големо и стабилно седло.
Проверете дали детето достигнува до безбедносниот систем, навртките и другите
системи за блокирање на велосипедот додека тоа се наоѓа на велосипедот.
Не ставајте багаж или друга опрема на седиштето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Во случај кога е неопходно да се транспортира багаж
или друга опрема, поставете го на спротивната страна од велосипедот, на пр.
во случај кога седиштето е поставено одзади, поставете го товарот напред, и
обратно.
Ако седиштето за деца не е поставено правилно, истото може да претставува
опасност по животот на детето!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не менувајте го седиштето
Пред првата употреба:
Откако ќе го поставите седиштето и ќе го сместите детето, проверете дали
тежината ја сменила рамнотежата на велосипедот, и тоа пред да излезете на
улица.
Пред секое возење:
1) Проверете го лостот за поддршка: треба да е вметнат на правилно место.
Проверете дали безбедносното копче за блокирање на механизмот е затворено.
Повлечете нагоре кон лостот за поддршка за да проверите дека е затегнато.
2) Проверете ја отпорноста на блокираност при придвижување. Не смее да се
поместува и/или да се изместува од рамката. Проверувајте го на одредени
периоди.
3) Проверете дали седиштето за деца е поставено правилно за да не ја попречува
работата на сопирачките и на другите делови во движење на велосипедот –
педали и задно тркало – да не се удираат во седиштето.
4) Проверете дали откако ќе го поставите седиштето, сите делови на велосипедот
функционираат правилно.
5) Некористење на безбедносните ремени претставува опасност по животот на
детето! Секогаш ставајте ги безбедносните ремени на детето, дури и кога се
работи за кратко возење. Ремените треба да се удобни, но да не слизнуваат од
рамениците. Ако седиштето е празно, завртете ги копчињата на секој ремен
за секој случај, во спротивно ремените може да се зафатат на некои пречки.
Ремените затегнувајте ги секогаш во основата на начин на кој детето не ќе може
да ги ослободи.
6) Седиштето и основата може да загреат ако се изложени на сонце подолго
време.
Проверете дали се обете многу врели пред да го седнете детето во седиштето.
7) Проверете дали детето и неговата облека може да дојдат во контакт со
деловите на велосипедот кои се движат, особено стапалата на детето со тркалата
на велосипедот, прстите на нозете со механизмот на кочницата и федерите за
потпора на седалото на велосипедот.
Редовно проверувајте ги овие места едно по едно како што расте детето.
8) Проверете дали детето може да дојде во контакт со острите предмети на
велосипедот, како на пр. со оголените и затапени запци на синџирот.
Упатство за употреба и монтажа
Страница 4
Pagina 4
Издание LIB093R00EU: 03-2010
Поглавје 1/2
Capitolo 1
Seggiolino da bicicletta per bambini OKBABYBODY GUARD
Детско седиште за велосипед OKBABY BODY GUARD
Во текот на возењето:
Не паркирајте го велосипедот никогаш кога детето седи во седиштето, дури
и кога ви се чини дека позицијата на велосипедот е стабилна. Ако детето е во
седиштето, велосипедистот мора секогаш да го држи велосипедот.
Имајте предвид дека детето секогаш поинаку ги чувствува временските прилики
(ветер, студ, итн.) кога не во движење. Затоа, неопходно е да го заштитите со
соодветна облека.
Заштитете го детето од дожд
Пред употреба на седиштето за првпат и кога детето ќе е поголемо, проверете
дали тежината и висината на детето не го надминуваат максималниот капацитет
на седиштето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Велосипедот може да функционира поинаку кога
детето е во седиштето. Особено, може да се сменат рамнотежата, управувањето и
кочењето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оставајте го паркираниот велосипед без надзор
никогаш кога детето е во седиштето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете го седиштето кога некој дел е расипан.
2
Правилна употреба
Седиштето за деца BODY GUARD е дизајнирано и осмислено за транспорт на
деца со телесна тежина меѓу 9 и 22 кг. и/или на возраст меѓу 9 месеци и 6
години. Детето кое што ќе се вози треба да е во состојба само да седи исправено.
Седиштето за деца може да се постави на велосипед или на мотор со педали;
монтажата на транспортни средства на две тркала се разликува од овие (како
скутер, мотоцикл, циклометар, итн.) и не е усогласено со пропорциите, па затоа е
и неприменливо.
Седиштето се поставува зад велосипедистот на рамката на велосипедот врз шипка
како што е прикажано на сликите со упатства за поставување. Забранета е каква и
да е друга употреба.
Упатство за употреба и монтажа
Страница 5
Pagina 5
Издание LIB093R00EU: 03-2010