mk
7.1.3
Заштита од сув од/недостаток
на вода
7.1.4
Работа со дефектен сензор за
притисок
7.1.5
Ударно стартување на пумпата
(циклусно пробно работење)
7.1.6
Тест на нула количина
7.2
Управување со мени
Fig. 25: Функција на контролното копче
7.3
Вид мени: Главно мени или мени
Easy Actions
538
Ракување
Водата во акумулациониот резервоар може да се надгледува преку притисочен
или пливачки прекинувач се покажува на приклучната табла. Внимавајте на
следниве точки:
▪ Вид на контакт: Отворачки контакт
▪ Недостаток на вода: Пумпите се исклучуваат по истекување на времето на
одложување (мени 5.64). Кодот за грешка се прикажува во LC дисплејот.
НАПОМЕНА! Кога контактот повторно ќе се затвори за време на одложеното
време, нема исклучување!
▪ Повторно вклучување: Кога контактот е повторно затворен и истечено е
одложеното време (мени 5.63), постројката автоматски стартува.
НАПОМЕНА! Грешката автоматски се ресетира, но се зачувува во меморијата за
грешки!
Доколку сензорот за притисок не дава мерна вредност (пр. поради прекин во
жиците, дефектен сензор), сите пумпи се исклучуваат. Потоа, свети црвената LED
сијаличка за дефекти и се активира сигнализацијата на збирна грешка.
Ургентна работа
За да се загарантира водоснабдување во случај на грешка, може да се подеси
ургентна работа:
▪ Мени 5.45
▪ Боја на активни пумпи
▪ НАПОМЕНА! Control ECe-Booster: Во ургентна работа пумпата работи
нерегулирано!
За да се избегнат подолги времиња на мирување, активираните пумпи може
фабрички да се нагодат да се активираат во циклусно пробно работење (функција
„Ударно стартување на пумпата"). НАПОМЕНА! Деактивирање на функцијата:
Мени 5.40!
Внимавајте на следните точки од менито во поглед на функцијата:
▪ Мени 5.41: Дозволено е ударно стартување на пумпата при „Extern OFF"
Кога пумпите се исклучени преку „Extern OFF", да се стартува пробно работење?
▪ Мени 5.42: Интервал за ударно стартување на пумпата
Следува временски интервал по пробно работење. НАПОМЕНА! Кога се
исклучени сите пумпи, започнува временскиот интервал!
▪ Мени 5.43: Време на работа за ударно стартување на пумпата
Време на работа на пумпата за време на пробно работење
НАПОМЕНА! Функцијата е достапна само кај приклучна табла Wilo-Control ECe-
B!
Кога само основната пумпа работи при ниско подрачје на фреквенција и при
константа на притисок, следува циклусен тест на нула количина. Притоа,
краткотрајно се зголемува зададената вредност на притисокот и потоа повторно
се враќа на подесената вредност. Кога притисокот на постројката не опаѓа
повторно по ресетирањето на зададената вредност за притисок, има нула
количина. Основната пумпа се исклучува по истекувањето на времето на
запирање.
Параметрите за тест на нула количина се претходно нагодени и не се менуваат.
Тестот на нула количина е фабрички нагоден да се вклучува.
НАПОМЕНА! Деактивирање на функцијата: Мени 5.61!
Управувањето со менито се прави преку контролното копче:
▪ Вртење: Поставете го изборот на мени или вредноста.
▪ Притискање: Менување на нивото на мени, потврдување на бројот на грешка или
вредноста.
Постојат две различни менија:
▪ Главно мени: Пристап до сите нагодување за целосна конфигурација.
▪ Мени Easy Actions: Брз пристап до одредените функции.
WILO SE 2019-07