4. Вклучување на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запалив материјал
Смрт или сериозна телесна повреда
- Немојте да ја употребувате пумпата
за запаливи течности, како на пример
нафта, бензин или слични течности.
ОПАСНОСТ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Немојте да ја користите пумпата во
базени за пливање, езерца во
градини или слични места ако има
луѓе во водата.
1. Отворете ја славината во системот.
2. Вклучете го напојувањето со ел. енергија.
3. Проверете дали пумпата работи и дали
истекува вода од славината.
4. Проверете дали работи пумпата и дали се
зголемува притисокот во системот.
5. Затворете ја славината.
6. Проверете дали е зголемен притисокот во
системот.
7. Проверете дали пумпата се исклучила по
неколку секунди.
За време на работењето на пумпата,
доводниот филтер на SB HF пумпата
мора да биде целосно потопен во
течноста.
SB HF пумпата не смее да работи со
затворен одводен вентил.
Поврзете ги SB пумпите со надворешен
контролер.
398
4.1 Услови за вклучување и
исклучување на SBA
Кога водата ќе навлезе во системот за
водоснабдување, пумпата започнува со работа
штом се исполнат условите за вклучување. Ова
се случува, на пример, кога славината е
отворена, со што се намалува притисокот во
системот. Контролната единица повторно ја
исклучува пумпата кога нема снабдување со
вода, односно кога ќе се затвори славината.
Услови за вклучување
Пумпата се вклучува кога е исполнет еден од
следниве услови:
•
Протокот е поголем од минималниот проток.
•
Притисокот е помал од почетниот притисок.
Услови за исклучување
Пумпата се исклучува со временско задоцнување
од 10 секунди кога протокот е помал од
минималниот проток.
Вредностите на почетниот притисок и
минималниот проток се прикажани во делот
9. Технички
податоци.
Aвтоматско рестартирање на SBA пумпи
Моделите на SBA пумпи со пловен прекинувач се
рестартираат автоматски кога ќе се додаде вода.
Моделите без пловен преинувач ќе направат обид
за рестартирање секои 24 часа.
5. Складирање и ракување со
производот
5.1 Ракување со производот
Немојте да го кревате производот
држејќи го за кабелот за напојување со
електрична енергија. Подигнете го
производот со помош на јаже.
Внимавајте да не ви падне производот и
немојте да го тресете.
5.2 Складирање на производот
Чувајте го производот во затворена просторија на
суво место каде што нема прав. Заштитете го
производот од вибрации. Температура на
складирање: од -10 до +40°C.
5.3 Заштита од замрзнување
Ако пумпата не се користи во периоди на ниски
температури со мраз, исцедете ги пумпата и
цевниот систем пред да престанете со
подолготрајно користење на пумпата.