Совети При Работењето - Bosch GCM 10 MX Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
240 | Македонски
– Олабавете ја пеперутка-завртката (21).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (17)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21).
По сечење на вертикалните агли на закосување,
повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка
(17) (олабавете ја пеперутка-завртката (21); поместете ја
граничната водилка (17) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја пеперутка-завртката ).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (17).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (18) во
отворите предвидени за таа намена (8).
– Олабавете ја пеперутка-завртката (43) и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (44) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
навојната прачка (44) во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (10)
u
пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се
заглави во делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика I)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 47° (на левата страна) до 52° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (10), доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (11), свртете ја масата за пила
(7) со копчето на фиксирање кон лево или десно и со
помош на агломерот (12) наместете го посакуваниот
хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (10).
1 609 92A 5U4 | (07.10.2020)
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (45):
лево
45°; 30°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (10), доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (11) и свртете ја масата за пила
(7) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (10).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слика J)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете ја затезната дршка (26).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (3), додека
показателот на агли (31) не го прикаже саканиот агол
на закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната дршка (26).
За брзо и прецизно подесување на стандардниот агол
0° и 45° предвидени се фабрички поставените
граничници ((33) и (23)).
– Олабавете ја затезната дршка (26).
– Навалете ја рачката на алатот (3) до крај на десно (0°)
или до крај на лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (26).
Ставање во употреба
Вклучување (види слика K)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (4) и држете го
притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Само со притискање на лостот (2) рачката на алатот може
да се спушти надолу.
– За сечење дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) мора да
го притиснете лостот (2).
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (10) и
u
затегнувачкиот лост (26) пред сечењето. Инаку
Autogoods "130"
десно
15°; 22,5°; 30°; 45°
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcm 10 mx

Tabla de contenido