За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема) притиснете го
механизмот за фиксирање (20) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет.
(види Сл. A, Страница 5)
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)
За полнење, користете USB мрежен напојувач, чии технички податоци (напон и
u
струја за полнење) одговараат на препорачаните мрежни напојувачи. Притоа
внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види технички податоци.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да
u
одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради
интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност
на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Употреба
Ставање во употреба
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни
u
осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи
температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира,
пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни
осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни
u
влијанија на мерниот уред, пред да продолжите со работа, секогаш извршувајте
проверка на точноста (види „Проверка на точноста", Страница 339).
Bosch Power Tools
Македонски | 335
1 609 92A 7P5 | (24.06.2022)