Descargar Imprimir esta página

Dremel 8240 Traducción De Las Instrucciones Originales página 311

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 129
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА
ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ
a.
Немојте да го форсирате
електричниот алат. Користете
соодветен електричен алат кој е
потребен за Вашата дадена ситуација.
Со соодветниот електричен алат
подобро и побезбедно ќе ја завршите
работата за која е дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот
алат доколку не работи прекинувачот
on/off. Секој електричен алат којшто
не може да се контролира со помош
на прекинувач, е опасен и мора да се
поправи.
c.
Исклучете ја приклучницата
од штекерот и/или патронот со
батеријата од електричниот алат пред
да правите било какви подесувања,
пред да го менувате приборот или
пред да го одложите алатот. Ваквите
превентивни мерки на безбедност
го смалуваат ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од
дофатот на деца и не дозволувајте
им на лицата кои не се упатени во
алатот или во овие упатства да
ракуваат со алатот. Електричните
алати можат да бидат опасни
во рацете на корисници кои не се
обучени.
e.
Одржувајте ги електричните
алати. Проверете дали спојните
или подвижните делови се добро
нагодени, дали деловите се во
исправна состојба, и сите други
услови кои би можеле да влијаат
врз работата со електричниот алат.
Ако алатот е оштетен, дајте го на
поправка пред повторната употреба.
Многу несреќи биле предизвикани од
лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар
и чист. Кога правилно се одржува
алатот за сечење со остри рабови за
сечење, помала е веројатноста тој да
се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и
бургиите користете ги во согласност
со овие упатства, земајќи ги предвид
работните услови и работата што
треба да се заврши. Употребата
на електричниот алат за работи
коишто тој не е предвиден, може да
предизвика опасни ситуации.
h. Одржувајте ги дршките и површините
за фаќање суви, чисти и незамастени.
Лизгавите дршки и површини за
фаќање не дозволуваат безбедно
ракување и контрола на алатката во
неочекувани ситуации.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА
АЛАТОТ НА БАТЕРИИ
a.
Полнете само со помош на
полнач којшто го препорачува
производителот. Полначот кој
одговара за еден вид батерии може да
предизвика пожар ако се користи со
друг вид батерии.
b. Користете го електричниот алат
само со специфично дизајнираните
батерии. Употребата на било кој друг
вид батерии може да предизвика ризик
од повреди и пожар.
c.
Кога батериите не се користат,
држете ги настрана од други
метални предмети какви што се
спојки, метални пари, клучеви,
клинови, шрафови или други ситни
метални предмети кои можат да
предизвикаат спојување на едниот
приклучок на батеријата со другиот.
Краткото спојување на приклучоците
на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d. Во случај на ненаменска употреба,
течноста може да истече од
батеријата; избегнувајте контакт.
Ако дојде до случаен контакт,
измијте се со вода. Ако течноста
дојде во контакт со очите, побарајте
медицинска помош. Течноста која
истекла од батериите може да
предизвика иритација или изгореници.
СЕРВИС
a.
Вашиот електричен алат нека го
сервисира квалификуван сервисер
со користење само на идентични
резервни делови. На овој начин ќе се
311

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

8240-3/458240-58240-5/65