•
Полирањето, гланцањето и чистењето
со жичена четка мора да се прави при
брзини кои не се поголеми од 15.000
врт./мин., за да се спречи оштетувањето
на четката и на Вашиот материјал.
•
Дрвото треба да се сече со висок број
на вртежи.
•
Железото или челикот треба да се сечат
со висок број на вртежи.
•
Доколку ножот од брзорезен челик
почне да вибрира, тоа обично значи
дека работи со премал број на вртежи.
•
Aлуминиум, легури од бакар, од олово,
цинк и калај може да се сечат при
различни брзини, во зависност од видот
на сечењето. Користете парафин (не
вода) или друго соодветно средство за
подмачкување на ножот, за да спречите
сечениот материјал да се лепи на
запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го
зголемувате притисокот врз алатот
ако алатот не работи исправно.
Обидете се со друг прибор или со
подесување на друга брзина за да го
постигнете саканиот резултат.
ЗАШТИТА ОД БЛОКАДА
Овој алат има вградена заштита од блокада
за да ги штити моторот и батеријата во
случај на блокада. Ако вршите преголем
притисок врз алатот предолго време, или ја
заглавите бургијата во некое работно парче,
особено при висок број на вртежи, моторот
ќе застане. Едноставно извадете го алатот
од материјалот во којшто Ви блокирал, и
алатот повторно ќе почне да се врти со
избраната брзина. Ако алатот продолжи
со блокадата подолго од 5 секунди, алатот
автоматски ќе се исклучи сам од себе.
Оваа дополнителна карактеристика ќе
продолжи да ги штити моторот и батеријата
од оштетување. Кога батеријата ќе биде
речиси празна, алатот може почесто од
обично да се исклучува автоматски. Доколку
се случува ова, време е да се наполни
батеријата.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ
!
ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ.
ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО
ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА
ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ
И КОМПОНЕНТИ КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА
ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.
Алатот најдобро се чисти со сув
компримиран воздух. Секогаш носете
заштитни очила кога ги чистите алатките
со компримиран водух.
ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД
!
ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ
ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ И/ИЛИ
ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА
Отворите за вентилација и прекинувачите
мора да се одржуваат чисти и без туѓи
материи. Не обидувајте се да го чистите
алатот со пикање на остри предмети низ
отворите.
ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ
!
И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ
ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои
од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор,
хлорирани раствори за чистење, амонијак и
детергенти за домаќинството кои содржат
амонијак.
СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА
Ние ви препорачуваме сервисирањето на
сите алати да се врши во сервисите на
Dremel.
Овој продукт на Dremel има гаранција во
склад со одредбите пропишани со закон/
специфични за земјата; оштетувањата
поради нормалното користење и абење,
преоптоварување или непрописно
користење се изземени од гаранцијата.
Во случај на рекламација, алатот и/
или полначот испратете ги до вашиот
дистрибутер во нерасклопена состојба,
заедно со доказот за купување.
321