Полнач Bosch C70 I Упатство за работа
Во случај кога напонот на батеријата на почетокот од процесот на полнење е
помеѓу 16V (± 0,5V) и 21V (± 0,5V), уредот автоматски се префрлува на импулс.
4.2 Фаза на бавно полнење
Полначот располага со фаза на автоматско бавно полнење со макс. 800mA кога е
целосно наполнет.
4.3 Фаза на одржување
Кога батеријата е целосно наполнета, ќе светне ЛЕД „100%". Полначот ја започнува
фазата на одржување со цел да го одржува капацитетот на батеријата во полна
состојба.
4.4 Функција на меморирање
Ако полначот се исклучи од електричната мрежа за време на процесот на полнење,
уредот го меморира претходно избраниот режим. При повторно приклучување на
електричната мрежа и ист тип на батерија (12V или 24V), уредот автоматски се
стартува во последниот режим.
Внимание: Ако типот на приклучената батерија е различен од последниот употребен
(на пр. минатиот пат сте биле во режим на студ/AGM-режим и овој пат мора да
приклучите нормална оловна-киселинска батерија), одново изберете го режимот
рачно за да избегнете преоптоварување и оштетување.
За режим 3 (режим на одржување), режим 4 (режим на регенерација) и режим 5
(режим на напојување), не постои функција на меморирање.
4.5 Детектирање на батеријата
Штом полначот се приклучи на батерија од 14,6V-21V, наизменично ќе трепкаат ЛЕД-
овите од 12V и 24V. Полначот се обидува автоматски да го детектира напонот на
батеријата во еден комплексен процес на мерење. По 1-3 минути, полначот
детектира дали кај батеријата станува збор за батерија од 12V или 24V и се
префрлува во соодветниот режим на мотоцикл/автомобил од 12V или режим на
товарно возило од 24V.
4.6 Режим на презапишување
Ако полначот открие приклучена батерија како батерија од 12V и се префрли во
режим од 12V, но корисникот е многу сигурен дека типот на батеријата е 24V,
корисникот може да го притисне и држи копчето за режим 5 секунди за да го
префрли полначот во кој било режим на полнење од 24V.
I
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Режимот од 24 V може да ја полни батеријата од 5,5 V со низок напон. Поради тоа,
батеријата од 12 V може да се преполни и да предизвика дополнителни опасности
(зголемено испуштање гас, експлозија, пожар...) за луѓето и животните.
210
MK