Descargar Imprimir esta página

Bosch GAS 12-40 MA Professional Manual Original página 237

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
Рачно чистење на филтерот
Притиснете го копчето за автоматско чистење на
филтерот (10), за да го активирате рачното чистење на
филтерот. Така, автоматското чистење на филтерот се
деактивира и LED приказот A (5) се гаси.
Притиснете го копчето за рачно чистење на филтерот (9),
за да извршите рачно чистење на филтерот. Рамниот
набран филтер (34) се чисти со 2 воздушни млазови. LED
приказот M (6) свети за 2 s во бела боја. Ако LED
приказот M (6) се изгаси, може да се активира следниот
воздушен млаз. За таа цел, притиснете го повторно
копчето за чистење на филтерот (9).
Напомена: Кога рачно го чистите филтерот, проверете
дали интервалот помеѓу секое притискање на копчето е
2−3 s секунди. Непрекинато притискање на копчето
неколку пати за рачно чистење на филтерот (9) ја
активира заштитата од прегревање на всисувачот.
Заштитата од прегревање автоматски се деактивира по
некое време (види „Отстранување дефекти",
Страница 238).
За да го исклучите рачното чистење на филтерот,
притиснете го копчето за автоматско чистење на
филтерот (10).
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Bosch Power Tools
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачи од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови. Всисајте, избришете ја или запечатете
ја надворешната страна на всисувачот пред да ја
отстраните од опасната зона. Пред да извршите какви
било поправки, сите извалкани делови што не може
доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите
делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
Чистење на садот
Избришете го садот (1) одвреме-навреме со вообичаено
неабразивно средство за чистење и оставете го да се
исуши.
Чистење/замена на рамниот набран филтер
(види слики M−N)
Кога го отворате капакот на филтерот, фатете го за
u
јазичето за заклучување и проверете дали
отворениот капак на филтерот се вклопува во
вертикална позиција. Постои ризик од повреда ако
капакот на филтерот падне.
Моќноста на всисување зависи од состојбата на
филтерот. Затоа, редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (34).
– Пред секое чистење/замена на рамниот набран
филтер (34) демонтирајте го всисното црево (30) и
вметнете ги чеповите за приклучокот (23) во прифатот
за црево (3).
– Повлечете го јазичето за заклучување (41) и завртете
го поклопецот на филтерот (40) нагоре, додека не се
вклопи во вертикалната положба.
– Фатете го набраниот филтер (34) за држачите и
извадете го нагоре.
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при
вадење на рамниот набран филтер (34), со влажна
крпа од рабовите на садот (1).
– Рамниот набран филтер може да се исплакне под млаз
вода.
– Поставете го новиот исчистен набран филтер (34) и
внимавајте добро да легне.
– Затворете го поклопецот за филтер (40), додека не
слушнете да се вклопи.
Чистење на претфилтер (види слика O)
Претфилтерот не смее да се чисти влажен.
u
Не допирајте помеѓу држачот-водилка и
u
всисувачот одозгора за да го отклучите поклопецот
на претфилтерот. Во спротивно, може да си ја
штипнете раката.
Македонски | 237
1 609 92A 91Y | (02.02.2024)

Publicidad

loading