Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 SMS216 Manual Original página 69

Ocultar thumbs Ver también para M18 SMS216:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример
прицврстување на работната маса).
Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на пример
струготини или остатоци од пилење.
Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Смее да се користи само алат што одговареа на нормата EN-847-1
Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински
челик
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде
нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот
електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се
скриша и да излета.
Алатите треба да се транспортираат и чуваат во соодветен
контејнер.
За да го обезбедите сечилото на пилата не користете ножеви
различни од постоечките или оние кои се наведени во
Mak
прирачникот.
Никогаш не ја користете пилата за сечење други материјали
освен наведените во прирачникот за употреба.
Употребувајте ја пилата за отсекување само со сигурно
функционирачки и добро одржуван заштитен капак . Заштитниот
капак мора да се отклонува самостојно.
Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од
обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога
машината работи и кога главата за пилење не е во положба на
мирување.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Не ја затегнувајте вртливата заштита.
Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.
Рачното заклучување мора секогаш да биде во функција при
транспорт на пилата за сечење.
При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или
комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката ограда,
за да обезбедите правилно минување на ножот.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични
материи избегнете го топењето на материјалот.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
-при ракување со алатката
- при ставање на апаратот на страна
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да се
појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• За да се спречи оштетувањето на слухот мора да се ограничи
времето на експозиција и да се носи соодветна заштита за
Македонски
132
132
слух.
• Треба да се носи маска за заштита на дишењето за да се
избегнат ризици по здравјето кои што можат да настанат со
вдишување на правот од пилењето.
ЛАСЕРСКИ
Не гледајте во ласерскиот зрак и не насочувајте го ласерот кон
други лица.
Не гледајте во ласерот со оптички помошни средства (двоглед,
дурбин) .
Не го насочувајте ласерот кон рефлектирачки површини.
Избегнувајте изложување на ласерски зрак. Ласерот може да
емитира силно зрачење.
Не ги променувајте инсталираната ласер со различен тип.
Поправки смеат да се изведуваат исклучиво од страна на
авторизирани сервисни техничари.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пилата за отсекување се употребува за пилење масивно дрво,
залепени дрва како и за материјали слични на дрво и пластика.
Предмети со кружен или нерамномерен пресек (на пример
огревно дрво) не смеат да се пилат, бидејќи при пилење не можат
да се држат сигурно. При аголно пилење рамни предмети мора
да се употребува соодветен помошен аншлаг со цел за безбедно
водење.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да се
појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да
обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и
цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU, (EU) 2015/863 (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди биле
користени
EN 62841-1:2015+A11:2022
EN IEC 62841-3-9:2020+A11:2020
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2022-12-12
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Чувајте
го акумулаторот на температура под 27°C и подалеку од влага
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Транспорт на литиум-јонски батерии
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е
транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За
понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр. екстремно
висок број на вртежни моменти, заглавување на оперативната
алатка, нeoчекувано сопирање или краток спој, електричната алатка
прекинува со работа и по 2 секунди автоматски се исклучува. За
ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете го. Во
случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу.
Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè
додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење
може да се продолжи со работа. Тогаш ставете ја батеријата во уредот
за полнење за повторно да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Заменете ја изабаната подлога за маса.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
Македонски
133
133
Mak

Publicidad

loading