Descargar Imprimir esta página

Electrolux ENG7TE75S Manual De Instrucciones página 88

Frigorífico-congelador
Ocultar thumbs Ver también para ENG7TE75S:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

Притиснете го копчето Extra Cool за да ја
деактивирате функцијата Extra Cool пред
да заврши автоматски.
За да ја поставите температурата на
ладилникот, исклучете ја функцијата
Extra Cool и погледнете во
„Регулирање на температурата".
4.8 функција Extra Freeze
Функцијата Extra Freeze се користи за
предзамрзнување и брзо замрзнување во
низа во преградата на замрзнувачот. Оваа
функција го забрзува смрзнувањето свежа
храна и, истовремено, ја штити храната
што е веќе ставена внатре од несакано
загревање.
За да замрзнете свежа храна,
активирајте ја функцијата Extra Freeze
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната за комплетно
предзамрзнување.
За да ја активирате функцијава,
притиснете го копчето Extra Freeze.
Светлото за Extra Freeze се пали
Функцијата Extra Freeze престанува
автоматски после максимум 52 часа.
Притиснете го копчето Extra Freeze за да
ја деактивирате функцијата Extra Freeze
пред да заврши автоматски.
4.9 функција Вентилатор
Преградата на ладилникот е опремена со
уред којшто овозможува брзо ладење на
храната и обезбедува висока
изедначеност на температурата во
преградата.
Овој уред се активира автоматски по
потреба или рачно.
За да ја вклучите функцијата, притиснете
го копчето Вентилатор. Светлото за
Вентилатор се пали
За да ја исклучите функцијата, притиснете
го повторно копчето Вентилатор.
Показателот Вентилатор престанува да
свети.
88
МАКЕДОНСКИ
Ако функцијата се активира
автоматски, показателот Вентилатор
нема да светне.
Активирањето на функцијата
Вентилатор може да ја зголеми
бучавата и потрошувачката на
енергија.
Вентилаторот работи само кога е
затворена вратата.
4.10 Аларм за висока температура
Кога температурата во преградата на
замрзнувачот се зголемува (на пример,
поради претходен прекин на
напојувањето), трепка показателот за
аларм, показателот за температура на
замрзнувачот покажува H° и трепка, а
звучниот сигнал е вклучен.
За да го исклучите звукот, притиснете го
кое било копче.
Показателот за аларм и звучниот сигнал
се исклучуваат. Показателот за
температура на замрзнувачот покажува H°
5 секунди пред повторно да ја покаже
температурата на замрзнувачот.
Алармот се рестартира еден час по
деактивирањето додека не се обноват
нормалните услови.
Доколку не притиснете ниту едно
копче, звучниот сигнал се исклучува
автоматски по околу еден час за да не
пречи.
4.11 Аларм за отворена врата
Ако вратата на ладилникот се остави
отворена приближно 5 минути или ако
вратата на замрзнувачот се остави
отворена приближно 80 секунди, се
огласува звучен сигнал и се вклучува
показателот за аларм за отворена врата.
Внатрешната светилка на ладилникот исто
така може да започне да трепка.
Алармот запира по затворање на вратата.
Притиснете го кое било копче за да го
исклучите звучниот сигнал.

Publicidad

loading