македонски
10 Проверка на косилката за
трева
10.1
Проверка на контролите
Рачка-прекинувач за косење и рачка-
прекинувач за погонски систем
► Изгасете го моторот.
► Повлечете ги рачката-прекинувач за
косење и рачката-прекинувач за погонскиот
систем целосно во правец на рачката за
држење и потоа пуштете ги.
► Ако рачката-прекинувач за косење или
рачката-прекинувач за погонскиот систем е
заглавена или не се враќа во почетната
позиција: Не користете ја косилката за
трева и обратете се кај овластен
дистрибутер за STIHL.
Рачката-прекинувач за косење или рачката-
прекинувач за погонскиот систем е
дефектна.
10.2
Проверка на ножот
► Изгасете го моторот.
► Извлечете го приклучокот за свеќичката.
► Легнете ја косилката за трева,
► Измерете го следното:
– Дебелина а
– Ширина b
– Агол на острење c
► Доколку е надмината минималната
дебелина или минималната ширина:
Заменете го ножот,
► Доколку аголот на острење не е правилен:
Наострете го ножот,
► Доколку нешто не ви е јасно: Обратете се
кај овластен дистрибутер на STIHL.
514
15.1.
19.2.
19.2.
10 Проверка на косилката за трева
11 Работење со косилката
за трева
11.1
Држење и возење на
косилката за трева
► Држете ја рачката за управување со двете
раце така што палците да ја опфаќаат.
11.2
Нагодување на висината на
косење
Може да се постават 7 висини на косење:
– 20 mm = позиција 1
– 30 mm = позиција 2
– 40 mm = позиција 3
– 55 mm = позиција 4
– 70 mm = позиција 5
– 85 mm = позиција 6
– 100 mm = позиција 7
Позициите се означени на косилката за трева.
Нагодување на висината на косење
► Изгасете го моторот.
Ножот не смее да се врти.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Цврсто држете ја косилката за трева за
рачката (1).
► Притиснете ја рачката (2) и држете ја.
► Наместете ја косилката за трева во
посакуваната позиција со кревање и
спуштање.
Тековната висина на косење може да се
прочита на индикаторот за висината на
косење (3) преку ознаката (4).
0478-111-9815-B