11 Работење со косилката за трева
► Отпуштете ја рачката (2).
Косилката за трева ќе се намести во
позицијата.
11.3
Вклучување и исклучување
на погонскиот систем
11.3.1
Вклучување на погонскиот систем
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Стартувајте го моторот.
► Повлечете ја рачката-прекинувач за
погонскиот систем (1) целосно во правец на
рачката за држење (2) и држете ја така што
ќе ја опфаќаат палците.
Косилка за трева ќе започне да се движи.
11.3.2
Исклучување на погонскиот систем
► Ослободете ја рачката-прекинувач на
погонскиот систем.
► Почекајте косилката за трева да застане.
11.4
Косење и мулчирање
Косилката за трева е опремена со
повеќенаменски нож и може да се користи за
косење или мулчирање.
► Кога работите со вклучен погонски систем:
Возете ја косилката за трева контролирано
напред.
► Кога работите со исклучен погонски систем:
Туркајте ја косилката за трева напред,
полека и контролирано.
0478-111-9815-B
11.5
Празнење на корпата за
искосена трева
Протокот на воздух што го создава ножот го
подига индикаторот за наполнетост (1). Кога
корпата за искосена трева е наполнета,
протокот на воздух запира. Кога протокот на
воздух е многу мал, индикаторот за
наполнетост (2) се враќа во состојба на
мирување. Ова е напомена да се испразни
корпата за искосена трева.
Непопречената функција на индикаторот за
наполнетост постои само при оптимален
проток на воздух. Надворешните влијанија
како влажна, густа или висока трева, ниски
степени на сечење, нечистотии и слично
може да ги оневозможат протокот на воздух и
функцијата на индикаторот за наполнетост.
► Доколку индикаторот за наполнетост се
врати во состојба на мирување: Испразнете
ја корпата за искосена трева.
► Изгасете ја косилката за трева.
► Откачете ја корпата за искосена трева.
► Отворете го капакот за затворање (1).
► Отворете го и држете го горниот дел од
корпата за изкосена трева (2) за рачката
(3).
► Држете ја цврсто долната рачка (4) со
другата рака.
► Испразнете ја корпата за искосена трева.
► Затворете ја корпата за искосена трева.
► Прикачете ја корпата за искосена трева.
македонски
515