Descargar Imprimir esta página

CYBEX CLOUD T i-SIZE Guia Del Usuario página 137

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 45
13. Поставете го седиштето за автомобил на основата (2).
14. Седиштето за автомобил може исто така да се заклучи во неговата
влезна позиција на основата. Потоа вртете го седиштето за автомобил сè
додека не се порамни со спротивниот правец на движење.
15. Седиштето за автомобил е фиксирано во правилна позиција кога ќе
слушнете звук на „ЗАКЛУЧУВАЊЕ".
16. Проверете дали индикаторот за заклучување на седиштето (13) на
основата е ЗЕЛЕН.
17. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (14) на страната на седиштето за
автомобил што е завртена кон вратата на возилото влечејќи го нејзиниот крај.
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува со затворена
��
L.S.P ако во возилото нема доволно простор. За да го направите ова,
вратете го елементот во неговата почетна позиција.
Монтирање на седиште за автомобил со автоматски каиш со
3 точки за фиксирање
1. Поставете го седиштето за автомобил на седиштето на возило во
спротивен правец од правецот на движење на возилото.
2. Бидете сигурни дека рачката за носење (11) е закочена во позиција А.
3. Бидете сигурни дека индикаторот на навалување (15) е паралелен со
подот на возилото.
4. Извлечете го автоматскиот каиш со 3 точки за фиксирање (16) и
поставете го неговиот дел за скут во водилката на скутниот каиш (17).
5. Заклучете го автоматскиот каиш со 3 точки за фиксирање (16) на
возилото во неговата закопчувалка.
6. Затегнете го делот за скут со влечење на дијагоналниот дел во правецот
на движење.
7. Водете го дијагоналниот дел на каишот зад горниот дел на седиштето за
MK
автомобил, низ водилката на дијагоналниот каиш (18) и над линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (14).
8. За да постигнете најдобра можна заштита, активирајте ја линеарната
странична заштита од удари (L.S.P.) (14) на страната на седиштето за
автомобил завртена кон вратата на возилото влечејќи го нејзиниот крај.
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува со затворена
��
L.S.P ако во возилото нема доволно простор. За да го направите ова,
вратете го елементот во неговата почетна позиција.
134
ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО
Отстранување на седиштето за автомобил со основа T
1. За да го отклучите седиштето за автомобил од основата (2), повлечете ја
рачката за ослободување на седиште (19) нагоре.
2. Навалете го благо седиштето за автомобил и подигнете го од основата (2).
3. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (6) на двете страни
притискајќи ти истовремено на копчињата за отпуштање ISOFIX (5) и
влечејќи ги наназад.
4. Извлечете ја основата (2) од точките за закотвување ISOFIX (7).
5. Отстранете ја основата (2) и турнете ги рачките за заклучување ISOFIX
(6) целосно наназад во нивните транспортни позиции.
6. Турнете ја наназад потпорната ногалка (3) во почетната позиција и
потоа преклопете ја за да заштедите простор.
7. Важно е да ја преклопите целосно потпорната ногалка за да се исклучи
предупредувачкиот звучен сигнал. На долната страна на основата е
назначена позиција за прицврстување на потпорна ногалка (20).
Отстранување на седиште за автомобил со автоматски каиш со 3
точки на прицврстување
1. Извадете го дијагоналниот дел на каишот од водилката на дијагоналниот
каиш (18).
2. Отклучете ја закопчувалката на седиштето за возило и извадете го делот
за скут на каишот од водилките на скутниот каиш (17).
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (21) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на наслон за глава (22). Кога го приспособувате наслонот
за глава (21), погрижете се растојанието помеѓу рамениците на детето и
наслонот за глава да не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Притиснете го копчето за приспособување на каишот (23) и повлечете ги
истовремено двата каиши за рамо (24) за да ги олабавите.
2. Отворете ја закопчувалката (25) со цврсто притискање на црвеното копче.
3. Ставете го детето во седиштето за автомобил со задникот завртен наназад.
4. Поставете ги каишите за рамо (24) директно преку рамениците на детето.
5. Поставете ги двете јазичиња за закопчување (26) заедно и заклучете ги
во закопчувалката (25). Треба да слушнете звук на закопчување.

Publicidad

loading