Упатство за работа – Kосилка за трева со бензински мотор
Содржина
За Ваша безбедност . . . . . . 205
Монтирање . . . . . . . . . . . . . . 207
Ракување . . . . . . . . . . . . . . . 207
Совети за нега на тревата . . 211
Транспорт . . . . . . . . . . . . . . . 211
Одржување/Чистење . . . . . . 211
Ставање во мирување . . . . . 213
Гаранција . . . . . . . . . . . . . . . 214
Информациjа за моторот . . . 213
Откривање и отстранување
на пречките . . . . . . . . . . . . . . 214
Податоци на типската
ознака
Овие податоци се многу важни за
подоцнежна идентификациjа при
нарачка на резервни делови за
уредот и за сервисната служба.
Типската ознака ќе jа наjдете во
близина на моторот. Внесете
ги сите податоци од типската
ознака на Вашиот уред во
следното поле.
Овие и другите податоци
за уредот ќе ги наjдете во
посебната СЕ изjава за
усогласеност што е составен
дел од ова упатство за употреба.
Прикази со слика
Отворете ги страниците со слики
на почетокот на упатството за
ракување.
Во ова упатство за ракување
се опишани различни модели.
Графичките прикази може во
детаљи да се разликуваат од
набавениот уред.
За Ваша безбедност
Kористете го уредот
правилно
Овоj уред е наменет исклучиво
за
– користење соодветно на
описите и безбедносните
совети наведени во ова
упатство за работа;
– за косење на тревнати
површини на куќната или
хоби градината.
Секое друго користење не
е соодветно на намената.
Kористењето кое што не
е соодветно на намената
повлекува како последица губење
на гаранциjата и одбивање на
секаква одговорност од страна
на производителот. Kорисникот
одговара за сите оштетувања на
трети и на нивната сопственост.
Самоволните промени на уредот
jа исклучуваат одговорноста на
производителот за штетите што
ќе произлезат од тоа.
Внимаваjте на
безбедносните совети
и советите за ракување
Kако корисник на овоj уред
внимателно прочитаjте го ова
упатство за работа пред првото
користење. Постапуваjте според
него и зачуваjте го истото за
подоцнежно користење. Hикогаш
не им дозволуваjте на децата
или на другите лица што не го
познаваат ова упатство за
работа да го користат уредот.
При промена на сопственикот
предаjте го упатството за
ракување заедно со уредот.
Општи безбедносни
совети
Во ова поглавjе ќе ги наjдете
општите безбедносни совети.
Предупредувањата што посебно
се однесуваат на одредени
делови од уредот, функции или
деjства ќе ги наjдете на
соодветното место во ова
упатство.
Безбедносните напомени
и упатствата за моторот,
акумулаторот и полначот за
акумулаторот ќе ги најдете во
испорачаниот прирачник за
мотори.
Пред работата со уредот
Лицата што го користат уредот
не смее да бидат под влиjание
на алкохол, дрога или лекови.
Лица под 16 години не смеат
да ракуваат со уредот или да
извршуваат други работи, како
на пр. одржување, чистење,
местење на уредот – локалните
одредби може да ја утврдуваат
минималната возраст на
корисникот.
Овоj уред не е наменет за
ракување од лица (вклучуваjќи
деца) со ограничени физички,
сензорни или духовни
способности или со недостаток
на искуство и/или недостаток на
знаење, освен во случаj кога ги
надгледува лице што е задол-
жено за нивната безбедност или
од него добиваат упатства за
користење на уредот.
Децата треба да се
надгледуваат заради сигурност
дека нема да играат со уредот.
Пред започнувањето со
работата запознаjте ги сите
механизми и делови за
ракување, како и нивните
функции.
Чуваjте го погонското гориво
само во за тоа дозволени садови
и никогаш во близина на
топлински извори (на пр. печки
или боjлери). Полнете го уредот
со гориво само на отворено.
Hикогаш не го полнете уредот
додека моторот работи или
е врел.
Заменете jа оштетената издувна
цевка, резервоарот или
поклопецот за гориво.
Македонски
205