Bosch GSK 18 V-LI Professional Manual Original página 104

Ocultar thumbs Ver también para GSK 18 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
OBJ_BUCH-1335-006.book Page 104 Friday, October 14, 2016 3:58 PM
104 | Македонски
Совети при работењето
Блокирајте го системот за активирање
и извадете ја батеријата, пред да
извршите подесување на уредот,
промена на делови или складирање на
електричниот апарат. Овие
превентивни мерки го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот апарат.
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките
и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
енергија и контактирајте ја овластената сервисна
служба на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот
апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „итни поправки" со несоодветни
средства. Електричниот апарат треба редовно и
правилно да се одржува (види „Одржување и чистење",
страна 104).
Избегнувајте ослабување и оштетување на
електричниот апарат, на пр. при:
– забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
– испаѓање и туркање преку под,
– употреба како чекан,
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони
или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да
поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа
шајката може да се деформира, да се заглават шајките
или електричниот апарат да почне неконтролирано да
се движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
електричниот апарат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
иззабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на
работата блокирајте го системот за активирање и по
можност испразнете го магацинот.
План за одржување
Исчистете го магацинот 12. Отстранете ги пластичните
или дрвените струготини, коишто може да се насоберат
во магацинот за време на работењето.
Мерка
Исчистете го магацинот 12 и лизгачот на магацинот
13.
Проверете дали осигурувачот за активирање 2
правилно функционира.
Отстранување на пречки
Проблем
Електричниот апарат не е подготвен за
работа.
1 609 92A 3DD | (14.10.16)
Празнење на магацинот (види слики D1–D2)
– Повлечете го лизгачот на магацинот 13 со притиснат
зафаќач на шајки 14 наназад додека зафаќачот на
шајки не ја ослободи последната шајка и внимателно
водете го лизгачот на магацинот нанапред до
почетокот на магацинот 12.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот може
да се оштети и постои опасност да ги згмечите прстите.
– Свртете го електричниот апарат, така што шајките ќе
лизгаат наназад до пружината на магацинот 17.
– Притиснете ја пружината на магацинот надолу и
оставете ги шајките во зафаќачот 14 да слизнат од
магацинот 12.
Подесување на граничникот за длабочина
(види слика E)
Длабочината на забивање може да се подеси со
тркалцето за подесување 4.
– Испразнете го магацинот 12.
(види „Празнење на магацинот", страна 104)
– Шајките се испукани предлабоко:
За да ја намалите длабочината на
забивање, свртете го тркалцето за
подесување 4 во правец спротивен на
стрелките од часовникот.
или
Шајките не се испукани доволно
длабоко:
За да ја зголемите длабочината на
забивање, свртете го тркалцето за
подесување 4 во правец на стрелките на часовникот.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 103)
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на
пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Вадење на заглавената муниција
(види слики F1–F2)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за
пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја
овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по
ослободувањето на заглавената муниција,
контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
– Отпуштете го чкрапалото 6.
– Блокирајте го системот за активирање (види
„Блокада на системот за активирање", страна 103) и
извадете ја батеријата 8.
– Испразнете го магацинот 12.
(види „Празнење на магацинот", страна 104)
– Притиснете го затегнувачкиот лост 3 надолу, за да
може да се отвори каналот за пукање.
Чистете го електричниот апарат редовно со помош на
компресиран воздух.
Образложение
Спречува заглавување на шајките.
Придонесува за работна безбедност и ефикасна
примена на електричниот апарат.
Причина
Батеријата не е наполнета или е дефектна.
Батеријата не е правилно ставена.
Температурата на батеријата е превисока или
прениска.
Контактите на батеријата се извалкани или дефектни. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Системот за активирање е блокиран.
Магацинот 12 е празен.
Осигурувачот за активирање 2 е искривен.
Електрониката е дефектна.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба
употребете клешти.
– Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката
на затегнувачкиот лост 3 во куките на каналот за
пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот
лост нагоре.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 103)
Промена на штитникот за делот за обработка
(види слика G)
Штитникот за делот за обработка 1 на крајот на
осигурувачот за активирање 2 го штити делот за
обработка, додека електричниот апарат не се постави
точно за процесот на забивање.
Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и
замени.
– Извлечете го штитникот од осигурувачот за
активирање.
– Поместете го новиот штитник за делот за обработка
со отворениот крај преку осигурувачот за
активирање.
Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка
може да се чува на горната страна на магацинот 12.
Ставете го штитникот на делот за обработка во депото
10.
Транспорт и складирање
При транспорт на електричниот апарат блокирајте го
системот за активирање (види „Блокада на системот за
активирање", страна 103), особено доколку користите
скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го електричниот апарат
само за дршката 9 и со неактивирано чкрапало 6.
Електричниот апарат постојано треба да се складира со
извадена батерија и на суво, топло место.
Доколку електричниот апарат не се користи подолг
период премачкајте ги челичните делови со тенок слој
масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Блокирајте го системот за активирање
и извадете ја батеријата, пред да
извршите подесување на уредот,
промена на делови или складирање на
електричниот апарат. Овие
превентивни мерки го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот апарат.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Извршување
– Секојдневно издувајте го механизмот на магацинот/лизгачот на
магацинот со компресиран воздух.
– Секојдневно издувајте го механизмот на осигурувачот за
активирање со компресиран воздух.
Помош
– Наполнете ја целосно или заменете ја батеријата.
– Проверете дали батеријата е правилно вклопена во рачката.
– Почекајте додека батеријата (повторно) не ја постигне оптималната
работна температура.
Оставете таму да се замени тој дел.
– Притиснете го прекинувачот 5 за деблокирање на системот за
активирање надесно.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 103)
– Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Оставете таму да се замени тој дел.
– Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido