проверете дали стезната чаура стезната
глава или кој и да е друг дел за
подесување е безбедно прицврстен.
Лабавите делови за подесување
можат неочекувано да се слизнат и да
предизвикуваат губење на контролата,
а слободно ротирачките компоненти
сосила ќе бидат исфрлени.
p. Никогаш не вклучувајте го електричниот
алат додека го носите. Случајниот
контакт со ротациониот прибор би
можел да Ви ја зафати облеката, а некој
дел од приборот би можел да Ви се зарие
во телото.
q. Редовно чистете ги отворите за
вентилација на Вашиот електричен алат.
Вентилаторот на моторот ја привлекува
прашината во внатрешноста на
куќиштето, и прекумерното насобирање
на метален прав може да предизвика
електрична опасност.
r.
Немојте да ракувате со електричниот
алат во близина на запалливи материи.
Искрите би можеле да ги запалат тие
материјали.
s. Немојте да користите прибор кој
изискува течни средства за ладење.
Користењето вода или други течности
за ладење може да предизвика
електричен шок.
ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ
ПРЕДУПРЕДУВAЊА
Повратниот удар е ненадејна реакција поради
блокирана или заглавена брусна плоча,
брусна лента, четка или некој друг прибор.
Стискањето или гребењето предизвикува брзо
абење на ротирачкиот додаток кое,
пак, предизвикува неконтролираниот
електричен алат принудно да се врти во
спротивна насока од вртењето на додатокот.
На пример, ако брусната плоча се блокира
или заглави во некое работно парче, работ на
брусната плоча која се заглавила во работното
парче може да се зарие во површината на
материјалот и да предизвика испаѓање на
плочата или повратен удар. Брусната плоча
може да отскокне кон или одкај лицето кое
ракува со алатот, зависно од правецот на
вртење на брусната плоча на местото на
блокирање. Брусната плоча може и да се
искрши под вакви околности. Повратниот
удар е последица на погрешна употреба на
електричниот алат и/или неисправно работење
или услови, и може да се избегне ако се
преземат соодветните долунаведени мерки на
претпазливост.
a. Електричниот алат држете го цврсто и
Вашето тело нека биде во положба во
која е во состојба да им се спротивстави
на силите на повратниот удар.
Оператерот може да го контролира
повратниот удар доколку се преземат
исправни мерки на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога
работите на агли, остри рабови и сл.
Избегнувајте одбивање или блокирање
на приборот. Аглите, острите рабови
или одбивањето на приборот доведуваат
до блокирање на ротациониот прибор
и тоа може да предизвика губење на
контролата или повратен удар.
c. Немојте да приклучувате лист од
назабена пила. Таквите продолжетоци
честопати предизвикуваат повратен
удар и доведуваат до губење на
контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во
материјалот во истиот правец како
остриот крај кој излегува од материјалот
(кое е во истиот правец во кој паѓаат
отпадните иверки). Ако алатот врти
во погрешен правец, тоа ќе предизвика
остриот крај од бургијата да излезе од
работа и ќе го повлече алатот во овој
правец.
e. Кога користите ротациона пила, шајбни
за сечење, високобрзински секачи
или секачи од волфрам и тврд метал,
обработуваното парче секогаш нека
биде безбедно прицврстено. Овие шајбни
ќе се заглават ако се ставени лабаво во
жлебот и може да има повратен удар.
Ако шајбната за сечење се заглави,
самата шајбна обично ќе се скрши. Кога
ротациската турпија, високобрзинскиот
секач или секачот од волфрам или од
тврд метал ќе се заглават, тие можат
да испаднат од жлебот, а Вие може да ја
изгубите контролата над алатката.
f.
Никогаш не ставајте ги рацете близу
ротациониот прибор. Приборот би можел
да се задвижи преку Вашата рака.
g. Не доведувајте во Вашето тело
во подрачје каде што се движи
електричниот алат или каде што може
да дојде до повратен удар. Повратниот
удар го потиснува алатот во правец кој
е спротивен на движењето на брусната
плоча на местото на блокирањето.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО
СЕЧЕЊЕ
a. Користете само шајбни кои се
препорачани за Вашиот електричен
алат и само за препорачани намени. На
пример: немојте да брусите со бочната
страна од брусната плоча. Абразивните
плочи за сечење се предвидени за
периферно брусење, а бочната примена
на сила врз брусната плоча може да
предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и
приклучоци користете само неоштетени
шајбни со осовинки со необработени
прирабници кои се со исправна
големина и должина. Исправните
осовинки ќе ја намалат можноста за
кршење.
c. Избегнувајте да ја „заглавувате" плочата
за сечење или да применувате премногу
голем притисок. Не обидувајте се да
правите премногу длабоко сечење.
Преоптоварувањето на брусната плоча
го зголемува напрегањето и уште повеќе
ја искривува или блокира плочата, како и
можноста за повратен удар или кршење
на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во
положба пред или зад ротирачката
144
a
a