Dremel Micro Traducción De Las Instrucciones Originales página 148

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
Алатот секогаш држете го свртен настрана
од Вашето лице. Приборот може да се
оштети за време на ракувањето и може да
се распадне на парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката
да ги покривате отворите за вентилација.
Блокирањето на отворите за вентилација
може да предизвика прегревање на моторот.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи
при дозволена брзина, во комбинација со
исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако
е можно, немојте да го притискате алатот за
време на користењето. Наместо тоа, полека
спуштете го ротациониот прибор на работната
површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на
тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката.
Дозволете му на приборот да си ја изврши
својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со
алатот во повеќе фази, отколку да ја завршите
целата работа со едно поминување. Нежниот
допир Ви овозможува најдобра контрола и ја
смалува можноста од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
За најдобра контрола кај деталните работи
држете го мултифункционалниот алат во
раката како пенкало помеѓу палецот и
показалецот. СЛИКА 5
Методата на држење на дршка од „голф" се
користи за потешки операции, како што е
брусење или сечење. СЛИКА 6
РАБОТНИ БРЗИНИ
СЛИКА 7
A. Копчиња за контрола на брзината
B. Индикатори за контрола на брзината и за
полнењето
За да ја изберете соодветната брзина за секој
вид работа, користете парче од материјалот за
вежбање.
КОПЧЕ ЗА „ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ"
Алатот се „ВКЛУЧУВА" со помош на синото
копче за вклучување/исклучување кое се наоѓа
на горниот дел од коничниот дел од куќиштето.
За да се „ВКЛУЧИ" алатот, притиснете и
ослободете го синото копче за вклучување/
исклучување. Алатот ќе почне да работи со
брзина од 15.000 врт./мин. и ќе се вклучат
предните LED светилки. Ако копчето за
вклучено/исклучено е притиснато ама не е
ослободено, алатот и предната LED светилка
нема да се вклучат. Веднаш откако алатот ќе
биде вклучен, имате можност да ја исклучите
предната LED светилка. Само притиснете го
3-пати копчето минус (–) на синото копче за
контрола на брзината и предната LED светилка
ќе се исклучи. Во овој момент брзината
на алатот ќе биде подесена на 5.000 врт./
мин. За да ја вклучите повторно предната
LED светилка, едноставно исклучете и потоа
повторно вклучете го алатот.
За да го исклучите алатот, притиснете и
ослободете го синото копче „вклучи/исклучи".
Ако од некоја причина копчето вклучи/
исклучи не работи, секогаш постои опцијата
алтернативно да го исклучите алатот следејќи
ги следните методи:
Притиснете на минус (–) на синото копче за
контрола на брзината за да го доведете алатот
до најмалото ниво на брзина (5.000 врт./мин.).
Држете 5 сек. на минус (–) на синото копче за
контрола на брзината.
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен систем за
електронски мониторинг кој помага максимално
да се искористат перформансите на моторот
и на батеријата со помош на лимитирање на
струјата до алатот кога тој е преоптоварен и
кога ќе дојде до застој. Ако алатот е во застој
предолго, или ако е заглавен во парчето што
се обработува, особено при високи, алатот
автоматски ќе се исклучи сам, благодарение
на вградената заштита. Што ќе се случи ова,
едноставно извадете го алатот од материјалот
во кој бил заглавен, вклучете го повторно,
подесете ја брзината ако е потребно и
продолжете да го користите. Кога батеријата ќе
биде речиси празна, алатот може почесто од
обично да се исклучува автоматски. Доколку
се случува ова, време е да се наполни
батеријата.
КОПЧИЊА ЗА КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА
Вашиот Dremel Micro е опремен со кочиња за
контрола на брзината. Брзината може да се
подесува во текот на работата со притискање
на плус (+) или (-) минус на синото копче кое
се наоѓа на горната страна од патронот со
батеријата. Брзината ќе се зголеми или ќе се
намали за 5.000 врт./мин. од минимални 5.000
на максимални 28.000 врт./мин. LED светилките
што се наоѓаат покрај сините копчиња ќе
светкаат во зависност од избраната брзина.
Секојпат кога алатот е исклучен, брзината
се намалува на средно ниво (15.000 врт./
мин.), па може да биде неопходно брзината
да се зголеми/намали до нивното на коешто
бил користен (на пр. 28.000 врт./мин.) пред
алатот да биде исклучен, за да се продолжи со
работата на истата апликација.
Можете да се консултирате со табелите на
стр. 4-7 за да ја одредите исправната брзина,
во зависност од материјалот со којшто се
работи и видот на прибор што се користи.
Овие табели ќе Ви помогнат со еден поглед
да го изберете точниот прибор и оптималната
брзина.
Брзината на ротирачкиот алат се контролира
со помош на поставките на сините копчиња за
контрола на брзината.
Подесување на приближен број на вртежи
Подесување на
брзината
5
10
*15
20
148
Брзини
5.000 врт./мин.
10.000 врт./мин.
15.000 врт./мин.
20.000 врт./мин.
*
ж
К
М
в
и
в
т
м
Н
о
к
н
к
д

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido