користи за извршување на детални и сложени
работи. Големиот избор на Dremel прибор
и додатоци Ви овозможува да извршувате
голем број на разни задачи. Во нив спаѓаат
задачи како што се шмирглање, резбарење,
гравирање и глодање, чистење и полирање.
НАПОМЕНА: Dremel Micro не е компатибилен
со додатоци.
СЛИКА 2
A. Копче за блокирање на осовината
B. Копзе за вклучување/исклучување
C. Клуч за стезна навртка
D. Копчиња за контрола на брзината
E. Индикатори за полнење на батеријата
F. Терминали за полнење
G. Индикатори за контрола на брзината и за
полнењето
H. Место за прибор
I.
Отвори за вентилирање
J. Куќиште за полнење
K. Излез за електрично полнење
L. Приклучница за полнење на куќиштето
M. Конична дршка со мека рачка
N. Предни LED светилки
O. Електричен адаптер
P. Навртка на стезната чаура
СТЕЗНИ ЧАУРИ
Dremel приборот кој е на располагање за
мултифункционалниот алат оди со различни
димензии на основата. Достапни се стезни
глави со четири големини за прилагодување на
различни големини на основата. Големината на
стезната чаура се препознава по прстенот на
задниот дел од стезната чаура.
СЛИКА 3
A. Навртка на стезната чаура
B. 3,2 mm Стезна чаура без прстен (480)
C. Прстени за идентификација
D. 0,8 mm Стезна чаура со еден прстен (483)
E. 1,6 mm Стезна чаура со два прстена (482)
F. 2,4 mm Стезна чаура со три прстена (481)
НАПОМЕНА: Некои комплети на
милтифункционален алат не ги содржат
сите четири големини на стезни чаури.
Стезните чаури можат да се набават
одделно.
Секогаш користете стезна чаура која одговара
на големината на основата на приборот којшто
планирате да го користите. Не ставајте сосила
прибор со поголем пречник во помала стезна
чаура.
ЗАМЕНА НА СТЕЗНАТА ЧАУРА
СЛИКА 4A
A. Клуч
B. Копче за блокирање на осовината
C. Навртка на стезната чаура
D. Стегање
E. Олабавување
1. Притиснете го копчето за блокирање на
осовината, држете го притиснато и вртете
ја осовината со рака додека копчето не
ја блокира осовината. Не притискајте го
копчето за блокирање на осовината додека
работи мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на
осовината, олабавете ја и извадете
ја навртката на стезната чаура. Ако е
потребно, употребете клуч за стезната
чаура.
3. Извадете ја стезната чаура така што ќе ја
ослободите од осовината.
4. Монтирајте ја целосно соодветната стезна
чаура на вратилото и повторно стегнете
ја навртката на стезната чаура. Немојте
целосно да ја стегате навртката ако не е
ставена бургија или прибор.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
СЛИКА 4B
1. Притиснете го копчето за блокирање
на осовината и вртете ја осовината
со рака додека копчето не ја блокира
осовината. Не притискајте го копчето за
блокирање на осовината додека работи
мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на
осовината, олабавете ја (и не ја тргајте)
навртката на стезната чаура. Ако е
потребно, употребете клуч за стезната
чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното
од приборот во стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање
на осовината, стегајте ја навртката на
стезната чаура додека бургијата или вратот
од приборот не биде стегнат во стезната
чаура.
НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со
Вашиот Dremel прибор за натамошни
информации во врска со неговата употреба.
Користете само Dremel алат кој е тестиран и
кој е високо продуктивен.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор
да биде во добра рамнотежа (исто како кај
пневматиците на Вашиот автомобил). За
дотерување или балансирање на приборот,
полека олабавете ја навртката на стезната
чаура и завртете го приборот или стезната
чаура за 1/4. Повторно стегнете ја навртката
на стезната чаура и вклучете го ротациониот
алат. Врз основа на звукот и осетот, треба
да сте во состојба да кажете дали Вашиот
прибор работи избалансирано. Продолжете со
ваквото дотерување сè додека не го постигнете
најдобриот баланс.
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на
мултифункцоналниот алат е да го
„почувствувате" в рака. Земете го в рака
и проценете ја неговата тежина и баланс.
Почувствувајте го конусот на куќиштето. Овој
облик овозможува алатот да го држите како
пенкало или молив.
147