Dremel Micro Traducción De Las Instrucciones Originales página 149

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
28
28.000 врт./мин.
* 15 е максимална брзина на подесување за
жичени четки.
Кога се потребни помали брзини
Меѓутоа, извесни материјали (на пр. некои
видови пластика и скапоцени метали)
изискуваат релативно мала брзина, бидејќи при
висока брзина, триењето на приборот создава
топлина и може да предизвика оштетување на
материјалот.
Ниските брзини (15.000 врт./мин. или помалку)
обично се најдобри за полирање при кое се
користи прибор за полирање. Tие може да се
најдобри за работење со деликатни проекти,
како на пр. триење, деликатно резбање на
дрво и кршливи модели.
СИТЕ РАБОТИ СО ЧЕТКАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
ПРАВЕТЕ ГИ СО ПОМАЛИ
БРЗИНИ ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ИСПАЃАЊЕ НА ПАРЧИЊА
ЖИЦА ОД ЛЕЖИШТЕТО НА ЧЕТКАТА.
Повисоките брзини се подобри за резбање,
сечење, обликување, сечење ламперија или
жлебови во ѕид.
Масивното дрво, металот и стаклото
изискуваат високи брзини, а дупчењето треба
исто така да се врши со високи брзини.
Mногу апликации и прибор од нашата линија ќе
Ви обезбедат најдобри перформанси при полна
брзина, но за извесни материјали, aпликации
и прибор, Ви требаат помали брзини, и поради
таа причина имаме на располагање модели со
варијабилни брзини.
За да ви помогнеме да ја одредите
оптималната брзина на работење за различни
материјали и прибор, конструиравме серија
од масички како на страница 4, 5, 6 и 7.
Консултирајте се со овие масички за да ги
откриете препорачаните брзини за секој вид
на прибор. Огледнете ги овие масички и
запознајте се со нив.
На крајот, најдобар начин да ја одредите
точната брзина за работа со кој и да било
материјал е да вежбате неколку минути
на парче отпаден материјал, дури и после
консултирањето со табелата. Можете брзо
да научите дека некоја помала или поголема
брзина е поефикасна само ако набљудувате
што се случува додека правите една-две
проби со различни брзини. На пр., кога
работите со пластика, започнете со помала
брзина и зголемувајте ја брзината сè додека
не забележите дека пластиката се топи
при контактот. Потоа полека намалувајте ја
брзината за да добиете оптимална работна
брзина.
Неколку правила во врска со брзината:
1. Пластиката и останатите материјали кои се
топат на ниски температури, треба да се
режат при ниски брзини.
2. Полирањето, ласкањето и чистењето
со било каква четка за полирање мора
да се прави при брзини не поголеми од
15.000 врт./мин., за да се спречи испаѓање
и летање на влакната од четката кон
операторот.
3. Дрвото треба да се сече со висок број на
вртежи.
4. Железото или челикот треба да се сечат
со висок број на вртежи. Ако некое
високобрзинско челично сечило почне да
се тресе — тоа обично значи дека работи
пребавно.
5. Aлуминиум, легури од бакар, од олово,
цинк и калај може да се сечат при
различни брзини, во зависност од видот на
сечењето. Користете парафин или друго
соодветно средство за подмачкување на
ножот, за да спречите сечениот материјал
да се лепи на запците од ножот.
Зголемувањето на притисокот врз алатот
не е решение кога тој не ве служи онака
ако што очекувате Вие. Можеби треба да
користите поинаков прибор, и можеби извесно
дотерување на брзината ќе го реши проблемот.
Потпирањето врз алатот нема да помогне.
Вашиот Dremel Micro може да се користи со
сите видови прибор на Dremel, освен бургии за
глодање. Иако алатот ќе работи со шајбни за
отсекување, намалената брзина на овој алат
нема да им дозволи да работат со оптимален
учинок. Tие можат да се користат за сечење
на меки материјали, како што се дрво или
пластика, но не се препорачува сечење метал.
Micro алатот не може да се користи со ниеден
од додатоците на Dremel (додатоци кои се
ставаат на носот од ротационата алатка.)
Брзината нека ја заврши работата!
ЗАШТИТА ОД БЛОКАДА
Овој алат има вградена заштита од блокада
за да ги штити моторот и батеријата во случај
на блокада. Ако вршите преголем притисок
врз алатот предолго време, или ја заглавите
бургијата во некое работно парче, особено
при висок број на вртежи, моторот ќе застане.
Едноставно извадете го алатот од материјалот
во којшто Ви блокирал, и алатот повторно ќе
почне да се врти со избраната брзина. Ако
алатот продолжи со блокадата подолго од 5
секунди, алатот автоматски ќе се исклучи сам
од себе. Оваа дополнителна карактеристика ќе
продолжи да ги штити моторот и батеријата од
оштетување. Кога батеријата ќе биде речиси
празна, алатот може почесто од обично да се
исклучува автоматски. Доколку се случува ова,
време е да се наполни батеријата.
ОДРЖУВАЊЕ
Превентивното одржување што го вршат
неовластени лица може да доведе до замена
на внатрешните жици и компоненти, кое
може да предизвика сериозни опасности. Ние
Ви препорачуваме сервисирањето на сите
алати да се врши во сервисите на Dremel.
За да избегнете повреди поради ненадејно
вклучување на алатот или електричен шок,
секогаш исклучете го алатот од штекер
пред сервисирање или чистење.
ЧИСТЕЊЕ
149

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido