Dremel 8100 Traducción De Las Instrucciones Originales página 112

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
ќе му треба повеќе време да престане да трепка,
зависно од температурата.
Целта на зеленото светло е да покаже дека патронот со
батеријата се полни брзо. Тоа не го покажува точниот
износ на полнењето. Светлото ќе престане да трепка за
пократко време доколку патронот со батеријата не бил
сосема испразнет.
Ако зеленото светло е вклучено („ОN"), патронот сo
батеријата не може да прима полнење.
Мултифункционалниот алат Dremel е алат со висок
квалитет и прецизност кој може да се користи за
извршување на детални и сложени работи. Големиот
избор на Dremel прибор и додатоци Ви овозможува да
извршувате голем број на разни задачи. Во нив спаѓаат
задачи како што се шмирглање, резбарење, гравирање
и глодање, чистење и полирање.
СЛИКА 1
A. Копче за блокирање на осовината
B. Прекинувач On/Off и прекинувач за промена на
брзината
C. Батерија
D. Поклопец за ослободување на батериите
E. Отвори за вентилирање
F. Куќиште
G. Батерија
H. Поклопец за ослободување на батериите
I.
Осовина
J. EZ Twist™ со интегриран клуч во капaчето
K. Навртка на стезната чаура
L. Стезна чаура
M. Клуч
СТЕЗНИ ЧАУРИ
Dremel приборот кој е на располагање за
мултифункционалниот алат оди со различни димензии
на основата. Достапни се стезни глави со четири
големини за прилагодување на различни големини на
основата. Големината на стезната чаура се препознава
по прстенот на задниот дел од стезната чаура.
СЛИКА 4
A. Навртка на стезната чаура
B. 3,2 mm Стезна чаура без прстен (480)
C. 2,4 mm Стезна чаура со три прстена (481)
D. 1,6 mm Стезна чаура со два прстена (482)
E. 0,8 mm Стезна чаура со еден прстен (483)
F. Прстени за идентификација
НАПОМЕНА: Некои комплети на милтифункционален
алат не ги содржат сите четири големини на стезни
чаури. Стезните чаури можат да се набават одделно.
Секогаш користете стезна чаура која одговара на
големината на основата на приборот којшто планирате
да го користите. Не ставајте сосила прибор со поголем
пречник во помала стезна чаура.
ЗАМЕНА НА СТЕЗНАТА ЧАУРА
СЛИКА 5
A. Клуч
B. Копче за блокирање на осовината
C. Навртка на стезната чаура
D. Стегање
E. Олабавување
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината,
држете го притиснато и вртете ја осовината со
ОПШТО
рака додека копчето не ја блокира осовината. Не
притискајте го копчето за блокирање на осовината
додека работи мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на осовината,
олабавете ја и извадете ја навртката на стезната
чаура. Ако е потребно, употребете клуч за стезната
чаура.
3. Извадете ја стезната чаура така што ќе ја
ослободите од осовината.
4. Монтирајте ја целосно соодветната стезна чаура
на вратилото и повторно стегнете ја навртката
на стезната чаура. Немојте целосно да ја стегате
навртката ако не е ставена бургија или прибор.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината
и вртете ја осовината со рака додека копчето не
ја блокира осовината. Не притискајте го копчето
за блокирање на осовината додека работи
мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на осовината,
олабавете ја (и не ја тргајте) навртката на стезната
чаура. Ако е потребно, употребете клуч за стезната
чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање на осовината,
стегајте ја навртката на стезната чаура додека
бургијата или вратот од приборот не биде стегнат
во стезната чаура.
НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со Вашиот
Dremel прибор за натамошни информации во врска со
неговата употреба.
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен.
EZ TWIST™ СО ИНТЕГРИРАН КЛУЧ ВО КАПЧЕТО
СЛИКА 6
A. EZ Twist™ со интегриран клуч во капчето
B. Копче за блокирање на осовината
C. Навртка на стезната чаура
D. Стегање
E. Олабавување
Во капчето на Вашиот алат има интегриран клуч кој Ви
овозможува да ја олабавувате и стегате стезната чаура
без да користите стандарден клуч.
1. Одвртете го капчето од алатката, израмнете го
челичниот додаток од внатрешната страна на
капчето со помош на навртката на стезната чаура.
2. Со притиснато копче за блокирање, вртете го
капчето спротивно од правецот на вртење на
стрелките на часовникот додека ја олабавите
навртката на стезната чаура. Не притискајте го
копчето за блокирање на осовината додека работи
мултифункционалниот алат.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето
во правецот на вртење на стрелките на часовникот
додека ја стегнете навртката на стезната чаура.
5. Зашрафете го капчето повторно во неговата
првобитна положба.
НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со Вашиот
Dremel прибор за натамошни информации во врска со
неговата употреба.
112

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido