Dremel 8100 Traducción De Las Instrucciones Originales página 113

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде
во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на
Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање
на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната
чаура и завртете го приборот или стезната чаура за
1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура
и вклучете го ротациониот алат. Врз основа на звукот и
осетот, треба да сте во состојба да кажете дали Вашиот
прибор работи избалансирано. Продолжете со ваквото
дотерување сè додека не го постигнете најдобриот
баланс.
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот
алат е да го „почувствувате" в рака. Земете го в рака и
проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте
го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот
да го држите како пенкало или молив.
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за време
на ракувањето и може да се распадне на парчиња при
голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги
покривате отворите за вентилација. Блокирањето
на отворите за вентилација може да предизвика
прегревање на моторот.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот
за да видите како работи алатот при големи брзини.
Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален
алат најдобро ќе работи при дозволена брзина, во
комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци.
Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време
на користењето. Наместо тоа, полека спуштете го
ротациониот прибор на работната површина на местото
на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте
се на тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката. Дозволете му
на приборот да си ја изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот
во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа
со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста од правење
грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
За најдобра контрола кај деталните работи држете го
мултифункционалниот алат во раката како пенкало
помеѓу палецот и показалецот. СЛИКА 8
Методата на држење дршка за „голф" се користи за
потешки операции, какви што се брусење или сечење.
СЛИКА 9
РАБОТНИ БРЗИНИ
СЛИКА 10
A. Прекинувач On/Off / Прекинувач за промена на
брзината
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
Вклучете го ЛИЗГАЧКИОТ прекинувач „ON/OFF" и
ПРЕКИНУВАЧОТ за поставување на брзината
Алатот се вклучува („ON") со помош на лизгачки
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето
на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON"), лизнете го
копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF"), лизнете го
копчето наназад.
МОТОР СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Вашиот алат е опремен со ротационен мотор со високи
перформанси. На овој мотор можат да се користат
разновидни Dremel приклучоци кои се користат како
ротациони алатки.
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен електронски систем
за надгледување кој овозможува „мек старт", кој ги
намалува ударите што се случуваат поради стартот со
висок вртежен момент. Системот исто така помага да
се максимизира учинокот на моторот и на батеријата со
смалување на напонот според алатот, кога ќе дојде до
блокада (види го делот „Заштита од блокада"). Моторот
и патронот со батеријата се штитат со смалување на
напонот според моторот во овие ситуации.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРОМЕНА НА
БРЗИНАТА
Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за
менување на брзината. Брзината може да се подесува
во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот
напред или назад помеѓу некоја од поставките.
Брзината на ротационите алатки се контролира на
самото куќиште.
Подесување на приближен број на вртежи
Подесување на
склопката
2
*4
10.000-15.000 врт./мин.
6
15.000-20.000 врт./мин.
8
20.000-25.000 врт./мин.
10
25.000-33.000 врт./мин.
* Немојте да надминувате 15.000 мин.–1 кога користите
жичени четки.
Видете ја табелата за подесување на брзини на
стр. 12-15 за да ја одредите соодветната брзина за
материјалот со којшто работите и кој прибор да го
употребите.
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали) можат
да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со релативно
мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000
min-1 или помалку) обично е најдобро за полирање со
користење прибор за полирање со филц. Сите работи
на четкање вршете ги со помали брзини за да го
спречите испаѓање на парчиња жица од лежиштето на
четката. Дозволете му на алатот да ја завршат работата
за Вас кога користите помала брзина. Повисоките
брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло,
како и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и
врежување жлебови во дрво.
113
Брзини
5.000-10.000 врт./мин.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido