Bosch 8-1100 Manual Del Usuario página 186

Ocultar thumbs Ver también para 8-1100:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-1521-004.book Page 186 Friday, December 6, 2013 8:19 AM
186 | Македонски
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот
електричен уред. При користење на други батерии, на
пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови, мутери и други затворачи со
навој во дадените граници на димензии и моќност.
Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Алат за вметнување*
2 Прифат на алатот*
3 Аголна глава на одвртувачот*
4 Површина на клучот на прирабницата на аголната
глава*
5 Површина на клучот на преклопната навртка
6 Лизгач за избор на вртежен момент
7 LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
8 Приказ за наполнетоста на батеријата
9 Батерија*
10 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Прекинувач за менување на правецот на вртење
1 609 92A 0CM | (6.12.13)
12 LED-држач
13 Работно светло
14 Копче за отклучување на батеријата*
15 Обрач за закачување*
16 Отвори за прицврстување на држачот за закачување
17 Прстен за обележување
18 Прстен за задржување
19 Шуплина во телото на куќиштето
20 Вилушкаст клуч со ширина 27 мм*
21 Вилушкаст клуч со ширина 22 мм*
22 Контра навртка
23 Куќиште на моторот
24 Брзо променлива глава*
25 Алат за подесување
26 Инбус клуч*
27 Плочка за подесување
28 Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
2
Зашрафување: a
<2,5 m/s
, K=1,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
(векторски збор на
h
2
.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido