OBJ_BUCH-1521-004.book Page 188 Friday, December 6, 2013 8:19 AM
188 | Македонски
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2009/125/EC
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 26.11.2013
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Полнење на батеријата
За овој електричен апарат користете само полначи
препорачани од Bosch. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слики A1 –A2)
Батеријата 9 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 14.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
1 609 92A 0CM | (6.12.13)
– За да ја извадите батеријата 9 притиснете на копчињата
за отворање 14 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (жолто LED)
Приказ за
Значење
наполнетоста на
батеријата 8
Трепкаво
Полнење на батеријата:
светло + звучен
Можни се само 6 –8 зашрафувања.
сигнал
Трајно светло
Капацитетот не е доволен за ново
зашрафување или електричниот
апарат е преоптоварен:
Електричниот апарат не може да се
вклучи.
– Извадете ја батеријата и ставете ја
целосно наполнетата батерија.
Трепкаво светло Електричниот апарат е прегреан и
надвор од употреба:
– Почекајте додека трепкањето не
престане автоматски по некое
време, пред повторно да го
вклучите електричниот апарат.
Работна околина и складирање
Електричниот апарат е исклучиво наменет за употреба во
затворени простории.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура
треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, во границите на
релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без
кондензација.
Уред за закачување (види слика B)
Со обрачот за закачување 15 може да го прицврстите
електричниот апарат на уред за закачување.
– Поставете го обрачот за закачување 15 на
електричниот апарат и оставете го да се вклопи во
процепот 16.
Во зависност од тежиштето на електричниот апарат,
може да ги искористите предните или задните отвори.
Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Подесување на работното светло
(види слика C)
– Притиснете го прстенот за обележување 17 со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
– Притиснете го сигурносниот прстен 18 со клешти за
сигурносен прстен наназад на телото на куќиштето.
Двете половини на телото на LED-држачот 12, кои го
опфаќаат работното светло 13, сега може да се постават
во било која сакана позиција.
– Внимавајте на тоа, да не го оштетите кабелот на
работното светло и вметнете го, без да го виткате, во
предвидената шуплина 19 во телото на куќиштето.
– Повторно опфатете го работното светло 13 со двете
тела на куќиштето на LED-држачот 12.
Bosch Power Tools