MK
1 ЗА ОВА УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
■
Германската верзија е оригиналното
упатство за употреба. Сите други јазични
верзии се преводи на оригиналното
упатство за употреба.
■
Чувајте го работното упатство да ви биде
лесно на дофат за читање ако ви е
потребна некоја информација за уредот.
■
Предадете го уредот на други лица само
со упатството за употреба.
■
Прочитајте ги и обрнете внимание на
напомените за безбедност и
предупредување во упатството за
употреба.
1.1
Симболи на насловната страна
Симбол Значење
Пред пуштањето во работа,
задолжително внимателно
прочитајте го упатството за
употреба. Ова е предусловот за
успешна работа и непречено
ракување.
Упатство за работа
Немојте да го употребувате
бензинскиот уред во близина на
отворени пламени или извори на
топлина.
1.2
Објаснување на знаците и сигналните
зборови
ОПАСНОСТ! Покажува непосредно
опасна ситуација, која – ако не се избегне –
може да предизвика смрт или тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Покажува
потенцијално опасна ситуација, која – ако не
се избегне – може да предизвика смрт или
тешка телесна повреда.
ВНИМАНИЕ! Покажува потенцијално
опасна ситуација, која – ако не се избегне –
може да предизвика мала или умерена
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ! Покажува ситуација, која – ако
не се избегне – може да предизвика штети по
имотот.
408
НАПОМЕНА Специјални напомени за
подобро разбирање и ракување.
2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
2.1
Прописна примена
Моторната коса е наменетa за сечење на
мека трева и сличен растеж. Моторната коса
мора притоа да се води паралелно со подот.
Моторната коса е достапна во две варијанти,
придржувајте се кон воведните чекори кои
одговараат за вашиот уред:
■
126 B, 130 B, 140 B, 151 B: Моторна коса
со „велосипедска"-рачка
■
126 L, 130 L, 140 L: Моторна коса со
„Loop"-рачка
Користете го уредот само ако е целосно
монтиран.
Овој уред е наменет исклучиво за приватна
употреба. Секоја друга примена како и
недозволено преправање или доградба ќе се
смета за злоупотреба и се исклучува правото
на гаранција како и губењето на сообразноста
(CE-ознака) и производителот не сноси
никаква одговорност за штети на корисникот
или на трети лица.
2.2
Можна предвидлива погрешна
употреба
■
Не кројте грмушки, живи огради, дрва или
цвеќиња.
■
За време на работа да не го подигнувате
уредот од подот.
■
Да не користите други освен оригиналните
алатки за сечење на производителот
(види Поглавје 2.8 "Дозволени алатки",
страна 410).
2.3
Преостанати опасности
Исто така и при прописна примена на
апаратот останува секогаш еден одреден
преостанат ризик кој не смее да се исклучи.
Од видот и конструкцијата на уредот може да
настанат следните потенцијални опасности во
зависност од примената:
■
Отфрлање на откос, земја и мали камења
■
Отфрлање на пресечените делови од
конецот за сечење
■
Вдишување на честици од откосот ако не
се носи заштита за дишење.
■
Оштетување на слухот ако не се носи
заштита на слухот.
126 L | 126 B | 130 L | 130 B | 140 B | 140 L | 151 B
За ова упатство за употреба