Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FR12 Manual Original página 56

Publicidad

отворите во подножјето, во основната плоча или во отворот за смукање
прав.
A
Никогаш не олабавувајте ги и не
отстранувајте ги капите (A) во подножјето на
уредот. Пружините што лежат внатре се
затегнати. Ако се отпуштат или отстранат, капите
на подножјето на уредот и внатрешните пружини
стануваат проектили, што може да предизвикаат
повреди.
Контролирајте ја затезната стегалка пред секое работење. Ако
затезната стегалка во текот на работата се одвои од навртката на затезната
стегалка, тоа може да предизвика тешки повреди или оштетувања на
производот.
Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила.
Носењето соодветна заштитна опрема, како што се заштитна маска за
прав, чевли што не се лизгаат, заштитен шлем или заштита за слух, го
намалува ризикот од повреда.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Користете само алати чија даозволена брзина е најмалку колку највисоката
брзина на машината без оптоварување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината
работи.
Користете само професионално назабени. Рутер ножеви.
Употребувајте само глодалки со соодветен дијаметар на дршката.
Парчињата кои ќе се оаботуваат пред сечењето треба да бидат прикачени.
По користење,вратете го рутерот во првобитната позиција. (спуштена рачка
за да ја обезбеди површината).
Кога ќе го притиснете копчето за нагодување на длабочината, конзолата
паѓа надолу, што може да доведе до повреди или оштетувања на алатот
или на делот што се обработува. Внимавајте на тоа, вашата рака да лежи
цврсто врз конзолата, кога го притискате копчето.
Не затегнувајте ја навртката на затезната стегалка, ако не е вметната
фреза. Затезната стегалка би можела да се скрши. Никогаш не допирајте ја
фрезата во текот или непосредно по употребата. По користењето, фрезата,
затезната стегалка и навртката на затезната стегалка може да бидат врели
и да предизвикаат изгореници на кожата.
Предупредување: Кога не е затегната цврсто навртката на затезната
стегалка, фрезата може да испадне во текот на користењето и да
предизвика тешки повреди.
НЕ КОРИСТЕТЕ го рутерот, ако лостот за заклучување не го држи
моторот безбедно во подножјето. Проверувајте ја завртката на лостот за
заклучување и дотегнете ја по потреба во текот на работата.
Контролирајте ја затезната стегалка пред секое работење. Ако затезната
стегалка во текот на работата се одвои од навртката на затезната стегалка,
тоа може да предизвика тешки повреди или оштетувања на производот.
Предупредување: Рацете и телото држете ги подалеку од фрезата и од
сите подвижни делови.
Избегнувајте сечење шајки. Од делот што се обработува отстранете ги сите
шајки, пред да ја користите фрезата.
Движете го обработуваното парче само во насока кон сечилото (работете
спротивно свртени)! Од безбедносни причини, користете ги заштитните
елементи: безбедносна направа, лизгачка водилка, заштитна ограда итн.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна
по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за
апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете
ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат
здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи
апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното
орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок
момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето
на употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
110
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
– при ракување со алатката
– при спуштање на уредот.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон.
Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат
тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат
врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете
ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја
штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем.
Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво
место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш
со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања
или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни
или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии,
избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рутерот може да секористи за канали, заокружување, ..., заоблување на
рабови, како и за дупчење во дрво и пастика.
Овој рутер може да се користи со следниве видови на ротирачки режни
глави:
• бургија за отвори
• бургија за заоблување
• бургија за сечење
Никогаш не користете го рутерот со маса за рутер или со рутерски лифт.
Тоа може да доведе до тешки повреди или оштетувања на производот.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се исклучат
сите преостанати ризици. При употребата може да настанат следните
опасности, на кои операторот треба особено да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот.
Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле употребувани пред
употреба да се наполнат.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
МАКЕДОНСКИ
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а
потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека
батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се
продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ИЗБОР НА БРОЈОТ НА ВРТЕЖИ
Повисоките броеви на вртежи користете ги за помали битови и фрези, меко
дрво, пластика и ламинат. Пониските броеви на вртежи користете ги за
битови и фрези со поголем пречник.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени
постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната,
а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните
извори на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање
на отпадните батерии и отпадната електрична и
електронска опрема помага да се намали побарувачката
на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум,
и отпадната електрична и електронска опрема содржат
вредни материјали за рециклирање, кои може негативно
да влијаат на животната средина и на здравјето на луѓето
доколку не се отстранат на еколошки компатибилен
начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Правец на движење
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за усогласеност
МАКЕДОНСКИ
111

Publicidad

loading