Descargar Imprimir esta página

Stiga PARK PRO 340 IX Manual De Instrucciones página 202

Ocultar thumbs Ver también para PARK PRO 340 IX:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 120
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Оваа  машина  е  градинарски  алат  дизајниран  да  се 
користи како косилка за трева со седиште.
Косилката  има  мотор  што  ги  активира  сечилата 
заштитени со штитник, како и единица за пренос што 
ја придвижува косилката.
Машината се состои од зглобови. Ова значи дека шасијата 
е поделена на преден и заден дел кои можат заемно да 
се управуваат.
Зглобното управување значи дека косилката може да се 
вози околу дрвја и други пречки со екстремно ограничен 
радиус на управување.
Операторот е во позиција да управува со косилката, и 
да ги вклучува главните команди во седечка состојба.
Безбедносните уреди ќе ја запрат косилката и склопот 
на сечилата.
Соодветна и погрешна употреба
Оваа косилка е дизајнирана и произведена за сечење 
трева во градини и тревни површини.
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто 
ја предвидел производителот како оригинална опрема 
и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да ја 
завршите оваа работа на различни начини, дадени во ова 
упатство, и во упатството што се доставува со дадената 
дополнителна опрема.
Секоја  друга  употреба  може  да  биде  опасна  и  да 
предизвика штета на лица и/или имот.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но 
не се ограничува на следното):
• транспорт  на  други  лица,  деца  или  животни  на 
косилката;
• употреба на косилката за влечење или откачување 
на  товар,  без  соодветната  дополнителна  опрема 
наменета за влечење;
• Вклучување на сечилата врз површини без трева;
• Употреба  на  косилката  за  собирање  на  лисја  или 
остатоци;
• користење  на  косилката  за  минување  преку 
нестабилна, лизгава, замрзната, камена или нерамна 
површина, вирови или мочуришта.
ВАЖНО Неправилното користење на машината ја
поништува гаранцијата и го ослободува Производителот
од секаква одговорност, и целата одговорност за штета
или повреда на корисникот или трети лица, ја сноси
корисникот.
ВАЖНО Косилката мора да ја користи само еден
корисник.
ВАЖНО Косилката не е наменета за движење на
јавни патишта. Мора да се користи (согласно Законот за
патишта) само на приватни површини, каде нема сообраќај.
2.1. ДЕЛОВИ НА КОСИЛКАТА (СЛ. 1)
A. Шасија
B. Тркала
C. Управувач
D. Седиште
E. Конзола
F. Контрола на педалата
G. Рачката за подигнување на предните додатоци
H. Капак на моторот 
I.
Фиксирано куќиште на моторот
L. Куќиште со осигурувачи
M. Акумулатор
N. Резервоар за гориво
O. Резервоар за масло за менувач
P. Мотор
Q. Хидраулични приклучоци (мод. 740 IOX)
R. Рачки за брзо ослободување за додатоци
2.2. ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (СЛ. 2)
ВНИМАНИЕ
Укажува на опасност. Најчесто 
се комбинира со други знаци кои 
укажуваат на опасност.
ВНИМАНИЕ
Пред да ја користите оваа 
машина, внимателно прочитајте 
го упатството за употреба.
  В НИМАНИЕ
Обрнете внимание на какви било 
расфрлани предмети. Обрнете 
внимание на луѓето присутни на 
местото што се обработува.
ВНИМАНИЕ
Секогаш носете штитници за уши.
ВНИМАНИЕ
Косилката не е наменета за 
употреба на јавни патишта.
ВНИМАНИЕ
Оваа машина, со инсталирани 
оригинални додатоци, може да 
работи на максимален наклон од 
10°, без оглед на насоката.
Притисок во гумите. На етикетата се 
наведени оптималните вредности 
на притисокот во гумите - види 
дел „0 ТАБЕЛА СО ТЕХНИЧКИ 
ПОДАТОЦИ". Правилниот притисок 
во гумите е важен услов за да 
се добијат добри резултати од 
користењето на машината.
Индикација за блокирање на 
рачната сопирачка.
xxKg
Ја означува максималната носивост 
на носачот (ако има).
MAX
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи ознаки мора да
се заменат. Нарачајте резервни налепници од овластен
сервисен центар.
MK - 3

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Park pro 540 ixPark pro 740 ioxPark pro 900 wxP 901 ph