Descargar Imprimir esta página

ST AB 500 Li 48 Manual De Instrucciones página 292

Soplador portátil de jardín a batería
Ocultar thumbs Ver también para AB 500 Li 48:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 146
6.6.2 По употреба со симулатор на
батерија (доколку е достапен)
1. Поставете го избирачот од ранецот
за батерија на „OFF" (Сл. 7.B);
2. извадете го симулаторот на
батерија од машината (Сл. 13.J);
3. извадете го ранецот за батерија;
4. извадете го кабелот од симулаторот
на батерија (Сл.13.I) и од
ранецот за батерија (Сл. 7.A)
5. извадете ја батеријата од ранецот
(Сл. 14) и наполнете ја (пас. 7.2.2);
6. оставете моторот да се олади
пред да ја складирате машината
во затворен простор;
7. Исчистете ја машината (пас. 7.3);
8. Уверете се дека нема делови кои се
оштетени или не се прицврстени. Ако
е потребно, заменете ги оштетените
делови и затегнете ги разлабавените
шрафови и навртки или контактирајте
го овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пас.
7.2.2) секојпат кога ја оставате машината
без надзор или нема да работите.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
ВАЖНО
Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или несреќи.
Пред да интервенирате на
кој било начин на машината:
• запрете ја машината;
• Извадете ја батеријата од своето
куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);
• Оставете моторот да се олади
пред да ја складирате машината
во затворен простор;
• носете соодветна облека,
заштитни ракавици и очила;
• прочитајте ги соодветните упатства,.
Предупредување! Ризик од повреди
поради опасни подвижни делови!
– Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување"
(видете поглавје 12). Табелата го
прикажува опсегот што ќе ви помогне
при одржување на ефикасноста и
безбедноста на машината. Во неа се
прикажани главните интервенции и
предвидените интервали за секоја
од ставките. Извршете ја постапката
во предвидениот период.
– Користењето на неоригинални делови
и додатоци може да има негативни
последици врз функционирањето и
сигурноста на машината. Производителот
одбива секаква одговорност за штети
предизвикани од споменатите производи.
– Оригиналните резервни делови се
обезбедени од страна на Овластените
центри за помош и Дилерите.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и подесување што не се опишани во ова
упатство, треба да се вршат кај локалниот
дилер или во овластениот сервисен центар.
7.2
БАТЕРИЈА
7.2.1
Автономија на батеријата
Зачувувањето на енергија на акумулаторот
(и со тоа е потребна површина за сечење
пред полнењето) најчесто зависи од:
• однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– несоодветна брзина на вртењето на
роторот за типот на материјалот што
треба да се отстрани (пасус 6.4.1).
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• да применувате соодветна брзина
на вртењето на роторот за типот на
материјалот што треба да се отстрани.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
• купете батерија со поголема
резервна моќност во споредба со
стандардната батерија (пас. 14.1).
7.2.2
Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го копчето за фиксирање
што се наоѓа во батеријата на машината
(Сл. 13.A) или на ранецот за батерија
(Сл. 14. A) (доколку е достапен);
2. извадете ја батеријата од машината
(Сл. 13.B) или од ранецот за батерија
(Сл. 14.B) (доколку е достапен);
3. ставете го акумулаторот (Сл. 15.А) во
куќиштето на полначот (Сл. 15.B);
MK - 13

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Bl 700 li 48