4. Поврзете го полначот (Сл. 15.B) во
приклучница со напонот наведен
на плочата со податоци;
5. секогаш полнете докрај следејќи ги
упатствата дадени во упатството за
акумулаторот/полначот за акумулатор.
ЗАБЕЛЕШКА
Батеријата е опремена
со заштитен уред што го прекинува
полнењето ако амбиенталната
температурата не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секое време, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3
Повторно поставување
на батеријата
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата од куќиштето на
полначот (Сл. 16.A) (не ја оставајте да се
полни, откако веќе целосно се наполнила);
2. Извадете го полначот (Сл. 16.B) од струја,
3. вметнете ја батеријата во своето
куќиште во машината (Сл. 11.A) или
во една од преградите на ранецот за
батерија (Сл. 6) (доколку е достапен)
4. турнете ја за да влезе докрај, сè
додека не слушнете кликнување
што сигнализира дека батеријата се
фиксирала во преградата, а потоа
проверете го електричниот контакт.
7.3
ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
За намалување на ризикот од запалување,
одржувајте ги машината, а особено
моторот од остатоци од лисја, гранки.
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• Одржувајте го роторот секогаш чист
од прашина и остатоци коишто се
раздувале со воздухот кон решетката.
Не прскајте го роторот со вода.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот или на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови треба да
бидат добро прицврстени за да се осигурате
дека опремата е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. СКЛАДИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните правила што
треба да се почитуваат при складирање на
машината се опишани во пасус 2.4. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или несреќи.
8.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. извадете ја батеријата од своето
куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);
2. Оставете моторот да се олади пред да ја
складирате машината во затворен простор;
3. Исчистете ја машината (пас. 7.3);
4. Уверете се дека нема делови кои се
оштетени или не се прицврстени. Ако
е потребно, заменете ги оштетените
делови и затегнете ги разлабавените
завртки и навртки, или контактирајте
го овластениот сервисен центар;
5. Складирајте ја машината:
– на суво место;
– заштитена од лошите временски услови;
– подалеку од дофат на деца;
– уверувајќи дека сте ги тргнале
клучевите и опремата што ја
користевте при одржувањето.
8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина
без директна сончева светлина, на
студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг
период, полнете ја батеријата на секои два
месеца за да ѝ се продолжи животниот век.
9. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или
транспорт на машината потребно е:
– запрете ја машината (пас. 6.5);
– извадете ја батеријата од своето
куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);
– држете ја машината исклучиво за
рачките и поставете ги цевките така
да не претставуваат пречка.
MK - 14