– Повлечете ја лентата (13) на работ за поставување (14)
од адаптерот и ставете ја на мерниот објект. Видливата
должина на лентата (меѓу двете црвени ознаки)
одговара на мерната должина (во cm).
– Притиснете на копчето за мерење (1) за зачувување на
мерната вредност. Актуелната мерна вредност (g) се
прикажува во долниот дел на екранот.
Повторно притиснете на мерното копче (1), за да
стартувате ново мерење. Моменталната мерна вредност
(g) се прикажува во долниот дел на екранот, а
претходната мерна вредност (e) се зачувува и се
прикажува во горниот дел на екранот.
Напомена: При исклучување на мерниот уред
моменталната мерна вредност (g) се ресетира на "0", дури
и ако лентата е сѐ уште извадена. За да избегнете грешка
при мерењето, задолжително повлечете ја целосно лентата
пред да направите ново мерење и потоа притиснете на
мерното копче.
Доколку лентата е веќе затегната, ако го монтирате
адаптерот на мерниот уред или го вклучите мерниот уред,
на екранот се појавува приказот "roll in". Целосно
повлечете ја лентата и притиснете на мерното копче, пред
повторно да мерите.
Секогаш внимавајте мерната лента да не се повлече
u
назад во адаптерот. Оставете ја лентата полека да се
повлече во адаптерот, инаку може да се оштети.
Мерење на површини
– Притиснете два пати брзо на мерното копче (1), за да се
мултиплицираат последните мерни вредности. На
екранот се појавува приказот , се прикажува
вредноста на површината.
Bosch Power Tools
Македонски | 369
1 609 92A 454 | (14.06.2018)