Milwaukee M18 FHT45 Manual Original página 49

Tabla de contenido

Publicidad

Кога го користите овој уред, носете целосна заштита за очите и ушите.
Кога работите во области каде што постои ризик од паѓање на делови,
треба да носите заштита за главата.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над должината на
рамениците, за да спречите косата да се закачи на подвижните делови
од машината.
Не работете со уредот ако сте изморени, болни или под дејство на
алкохол или лекови.
Секогаш обезбедете сигурна подлога и одржувајте рамнотежа.
Избегнувајте преголемо наведнување. Преголемо наведнување може да
доведе до губење на рамнотежа.
Пред да го стартувате уредот, проверете ги ножевите да не допираат во
ништо.
Кога работите држете ги ножиците за жива ограда со двете раце.
Заземете цврста и сигурна положба. Производителот советува да не
се користат скали и скалила. Користете продолжување ако е потребно
сечење на голема височина.
Ножевите се многу остри. Носете заштитни ракавици што не се лизгаат
кога ракувате со уредот со нож. Не допирајте го ножот со рацете или со
прстите и внимавајте да не ги заглавите или пресечете. Никогаш не го
допирајте ножот и не го одржувајте уредот додека акумулаторот е во него.
Не сечите низ густа грмушка со примена на сила. Тоа може да предизвика
блокирање на ножот и забавување. Ако ножот треба да се забави,
намалете ја работната брзина.
Не обидувајте се да сечете трупци или гранки со дијаметар поголем од 19
mm. Истото важи и за стебла или гранки кои се очигледно преголеми за
да се вклопат меѓу ножевите.
Користете рачна или пила за гранки без мотор, за да сечете големи гранки
и стебла. Носењето на заштита за слухот ја намалува вашата способност
за слушање на предупредувања (предупредувања или извици).
Корисникот треба целосно да се концентрира на работниот простор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако машината падне, претрпи тежок удар
или почне да вибрира ненормално, веднаш запрете ја машината
и проверете за штета или идентификувајте ја причината за
вибрацијата. Секое оштетување треба соодветно да се поправи или
замени од страна на сервисната служба на MILWAUKEE.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат
врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете
ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја
штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем.
Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања
или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот
и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности.
Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода,
одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овие акумулаторски ножици за жива ограда се погодни само за
надворешна употреба. Од безбедносни причини, уредот секогаш треба да
се држи и да се води со двете раце.
Уредот е конструиран за домашна употреба. Тој е наменет за кастрење на
жива ограда, грмушки и слични растенија.
Треба да се користи во сува, добро осветлена средина.
Не е наменета за сечење на трева, дрва или гранки. Може да се користи
само за сечење на жива ограда.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот
за нормална употреба.
96
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост да се
исклучат остаточни опасности. При употребата можат да се појават
следниве ризици, поради кое што корисникот мора да обрати внимание
на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот.
Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и цврсти
чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле употребувани пред
употреба да се наполнат.
Температура над 50°C го намалува учинокот на наизменичната батерија.
Подолго затоплување од сонце или од греење да се избегне.
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба
да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот
да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а
потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека
батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се
продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт
на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба
да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
МАКЕДОНСКИ
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Запрете ја машината, отстранете ја батеријата, истуркајте го осигурувачот
на ножевите и оставете ја машината да се излади пред да ја складирате
или транспортирате.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја машината на
ладно, суво и добро проветрено место кое што не е пристапно за деца.
Чувајте подалеку од корозивни средства како на пример хемикалии за
градината и соли за одмрзнување. Да не складирате надвор.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против движење или
паѓање за да спречите повреда на лица или оштетување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
После секое користење исчистете го куќиштето и дршките, со мека, сува
крпа.
Чистете ги ножевите после секоја употреба, со тврда четка, а потоа
внимателно нанесете масло, како заштита од корозија, пред повторно да
ја поставите заштитата на ножот. Производителот препорачува користење
на анти корозивен спреј и распрскувачки средства за подмачкување, за да
се обезбеди подеднакво нанесување и да се намали ризикот од повреда
при контакт со сечила. За погодни производи за прскање, контактирајте
ја службата за корисници на Milwaukee (погледнете во брошурата за
гаранција/служба за корисници).
По потреба, пред секое користење можете да нанесете малку масло
според горенаведениот начин.
Проверете дали сите навртки и завртки се стегнати и осигурајте се дека
уредот се наоѓа во безбедна работна состојба.
Проверете го уредот и заменете ги истрошените или оштетените делови.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Секогаш носете заштитна облека и цврсти чевли.
Држете ги пристуните лица на безбедно растојание од
уредот.
Ножиците за жива ограда секогаш да ги држите со двете
раце.
Чувајте ги рацете настрана од алатот за сечење и други
подвижни делови. Прстите можат да влезат во механизмот
за сечење и да бидат исечени или повреден.
Не ги допирајте ножевите, за да избегнете повреда.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на дожд.
Гарантираното ниво на звучна моќност изнесува 93 dB.
93
Ôд без оптоварување во минута (ôд/min)
n
XXX min
-1
0
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната,
а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат не
смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат
одделно и да се однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за заштита на
околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви
погони за рециклажа и собирни станици.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
97

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido