6.6 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
1. поставете ја рачката на забрзувачот во
позиција за минимален режим «желка».
За да избегнете можен пожар,
оставете го забрзувачот во позиција
минимален режим «желка» 20 секунди
пред да го исклучите моторот.
2. изгаснете го моторот ставајќи го
клучот во позиција за застанување,
3. со изгаснат мотор, затворете го доводот
за гориво (сл. 24.A) (ако е предвидено).
4. извадете го клучот
ВАЖНО За да го зачувате полнењето
на акумулаторот, не оставајте го клучот
во позиција за «движење» или «палење
на фаровите» кога моторот не се движи.
Моторот може да е многу врел
веднаш по гаснење. Не допирајте ги
издувната цевка и околните делови.
Постои опасност од опекотини.
6.7 ПО РАБОТАТА
1. Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
2. Исчистете ја машината (пасус 7.4).
3. Спуштете ја плочата со уредот со
сечивото, ставете во лер и активирајте
ја сопирачката. Застанете го моторот
и извадете го клучот за палење
(проверете дали сите делови што
се движат се застанати докрај):
– секојпат кога ја оставате машината
без надзор или ако станувате
од седиштето за управување
или машината е паркирана.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
погл. 2. Строго придржувајте се
до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Пред да започнете каква било
контрола, чистење или интервенција за
одржување/регулација на машината:
• исклучете го уредот со сечивото;
• ставете во лер;
• активирајте ја сопирачката за мирување;
• застанете го моторот;
• извадете ги клучевите, (никогаш не
оставајте ги клучевите вметнати или
на дофат на деца или на лица коишто
не се соодветни за употреба);
• проверете дали сите делови што
се движат се застанати целосно;
• прочитајте го соодветното упатство;
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во "Табелата за одржување".
Табелата го прикажува опсегот што ќе ви
помогне при одржување на ефикасноста
и безбедноста на машината. Во неа
се прикажани главните интервенции
и предвидените интервали за секоја
од ставките. Извршете ја соодветната
постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални или не се правилно поставени,
може да доведе до несакани ефекти врз
работата и безбедноста на машината.
Производителот ја отфрла сета одговорност
во случај на штети, инциденти или повреди
предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
7.2 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО / ПРАЗНЕЊЕ
НА РЕЗЕРВОАРОТ СО ГОРИВО
ЗАБЕЛЕШКА Видот на
горивото за употреба е посочено
во упатството за моторот.
ВАЖНО Машината се доставува до
крајниот корисник без гориво. Следете ги
сите дадени мерки на претпазливост коишто
се дадени во упатството за моторот.
7.2.1 Дополнување
За да наполните гориво:
1. Одвртете го капачето за затворање на
резервоарот и извадете го (сл. 25).
2. Ставете ја инката (сл. 25).
3. Дополнете гориво внимавајќи да
не го преполните резервоарот.
4. Извадете ја инката.
5. По полнењето, зашрафете го докрај
капачето за горивото и исчистете
ако ви се пролеало од него.
MK - 17